КАФЕ ПАУЗА

10 мрачни и езотерични окултни практики од минатото

10 мрачни и езотерични окултни практики од минатото

rn

6. Човечки жртви

rn10 мрачни и езотерични окултни практики од минатотоrnrnЖртвувањето луѓе е нешто што се случува и денес. Во 1995-та година, 15-годишното девојче по име Елис Палер било силувано и убиено. Нејзиното тело било откриено 8 месеци подоцна. Главни осомничени биле 17-годишниот Ројс Кејси, 14-годишниот Џосеф Фиорела и 16-годишниот Џејкоб Делашмут.rnrnКога конечно прозборел, Кејси изјавил дека убиството и силувањето биле дел од жртвување за Сатаната. Ова било вистинско окултно човечко жртвување, не многу различно од оние во минатото.rnrnПостојат уште бројни вакви случаи од кои можеби поистакнат е Вампирскиот култ. Култот бил воден од Род Ферел, а членовите жртвувале цело семејство од Флорида.rn

7. Магии

rn10 мрачни и езотерични окултни практики од минатотоrnrnМагиите се всушност рецитали или зборови кажани од личноста која сака некаков натприроден резултат. Моќта на магиите е во нивното рецитирање. Сепак, додека некои сметаат дека магиите треба да бидат рецитирани на одреден начин, други веруваат дека треба да бидат пофлексибилни.rnrnСо години луѓето користеле магии за да нанесат зло на другите. Некои се за лоша среќа, а некои се за одмазда. Магиите датираат уште од древни времиња, а овде спаѓаат и египетските смртни магии кои наводно им овозможувале на волшебниците да ја одберат причината за смртта на нивните жртви.rn

8. Демонизам

rn10 мрачни и езотерични окултни практики од минатотоrnrnВо овој случај луѓето се обидуваат да ја повикаат моќта на вистински демони и да ја контролираат. Според христијанството, демоните се паднати ангели кои се заколнале да носат само зло во светот.rnrnРаните христијани зборувале за овие мрачни фигури и тие станале постојана тема во запишаната историја. Луѓето верувале дека можат да ги повикаат овие битија за да предизвикаат зло. Се користат разни ритуали за разни демони, почнувајќи од Сатаната, лидерот на сите демони, до Укобач, демонот во пеколот кој го одржува огнот.rn

9. Алманахот на стариот Мур

rn10 мрачни и езотерични окултни практики од минатотоrnrnПотекувајќи уште од 1697-ма година од Ирска, Алманахот е мало окултно издание со наводни предвидувања за иднината. Ова е едно од најстарите изданија што содржи хороскоп и други начини за предвидување на иднината.rnrnОна што некогаш било анонимно издание, денес е магазин со интерактивен веб-сајт. Со текот на времето се појавиле и многу реплики и фалсификати.rn

10. Херметизам

rn10 мрачни и езотерични окултни практики од минатотоrnrnХерметизмот е древно практикување на езотеричната мудрост и има многу текстови и идеи. Ова е една од најстарите окултни практики и почнува со мешање на грчко-римската и египетската култура и филозофија.rnrnДодека популарниот херметизам вклучува посекојдневни нешта, како астрологијата, „теорискиот“ херметизам е подлабок и сличен на модерниот концепт за гностицизмот. Главната цел е да се добие вистинско разбирање за знаењето на Бог и натприродното да се направи природно со помош на разбирање.rnrnНа некој начин, овој концепт е почеток на научниот напредок, односно изучување на непознатото. Алхемичарите, Фримасоните и Гностиците спаѓаат во оваа група. Сепак, целите на науката и херметизмот се различни. Додека науката сака да го истражи природниот свет, херметизмот го проучува натприродното. Кога ќе се тргне настрана религијата, херметизмот е концепт на барање на подлабоко, фундаментално знаење, кое е основата на целиот окултизам.