Предностите и недостатоците од пиењето пиво

Предностите и недостатоците од пиењето пиво

Пивото е еден од најстарите и најпопуларните алкохолни пијалаци ширум светот. Поради неговите состојки се смета дека можеби има некакви здравствени придобивки, па дали ова го прави здрав пијалак?

Предностите и недостатоците од пиењето пиво

ПРЕДНОСТИ ОД ПИЕЊЕТО ПИВО

Пивото е богато со многу витамини од групата Б и минерали како магнезиум. Исто така е богато со флавоноиди кои делуваат како моќни антиоксиданси. Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам направил извештај за досегашното знаење за влијанието на умереното консумирање алкохол врз здравјето. Се открило дека најниска стапка на смртност од каква било причина имало кај луѓето кои пиеле една до две пијачки дневно. Ова значи дека луѓето кои пијат умерено живеат најдолго. Погледнете кои се предностите од пиењето пиво.

1. Помага во борбата против коронарната срцева болест

Постојат навистина силни докази кои покажуваат дека умереното консумирање алкохол може да го заштити срцето. Многу истражувања покажале дека луѓето кои умерено пијат пиво имаат помали шанси за коронарна срцева болест. Овие луѓе имаат помал ризик и од луѓето кои пијат премногу, но и од оние кои воопшто не пијат пиво. Витаминот Б6 во пивото изгледа го спречува покачувањето на хомоцистеинот во крвта, веројатен ризичен фактор за болестите на срцето.

2. Го регулира холестеролот

Умереното консумирање алкохол има влијание на многу процеси во телото, вклучувајќи го зголемувањето на добриот холестерол. Постојат докази дека пивото го менува односот на добриот и лошиот холестерол во нашето тело.

3. Ја спречува појавата на камења во бубрегот

Пиењето пиво може да го намали ризикот од појава на камења во бубрегот. Едно истражување покажало дека луѓето кои консумирале пиво имале 40% помали шанси да се соочат со овој проблем.

4. Штити од радијација

Јапонските истражувачи откриле дека пивото ја намалува штетата на хромозомите предизвикани од радијацијата.

НЕДОСТАТОЦИ ОД ПИЕЊЕТО ПИВО

Како што ќе забележите, повеќето од недостатоците се однесуваат на луѓе кои пијат многу. Овде спаѓаат оние кои консумираат над 2 пијачки дневно.

1. Пивски стомак

Честото пиење пиво може да го зголеми обемот на стомакот кај мажите, односно да предизвика „пивски стомак“. Умереното пиење пиво не предизвикува дебелина.

2. Киселини

Пивото содржи материи кои го стимулираат лачењето на киселини во стомакот. Алкохолот ја зголемува опуштеноста на органот кој ја „држи“ киселината во стомакот и настрана од хранопроводот, па затоа често можете да почувствувате киселини.

3. Крвен притисок

Секојдневното пиење пиво (околу 40 милилитри алкохол дневно) може да го зголеми крвниот притисок.

4. Интоксикација и оштетување

Дури и малото количество алкохол може да има влијание на вниманието и моторичките способности. Всушност, многу сериозни несреќни случаи се поврзани со алкохолот. Овде очигледно спаѓаат сообраќајките, но и случки како паѓање од стол, по скали, од прозорец и слично. Овде спаѓаат и „пивските мускули“, односно личноста којашто пие верува дека може физички да се справи со секој во просторијата. Често личноста што пие прави погрешна проценка и завршува со повреди.

5. Дехидратација

Само 10% од она што го пиете се отстранува преку урината, а на вашиот црн дроб му е потребна вода за да се ослободи од останатите 90%. Поради ова црниот дроб е присилен да ја собира водата од другите органи, вклучувајќи го и мозокот, што може да предизвика главоболки. Пиењето чаша вода помеѓу две пијачки може да ви помогне.

6. Мамурлак

На многумина им се познати главоболката и сувата уста по вечер помината во пиење. За да го избегнете мамурлакот, најдобро е да бидете умерени.

Прочитајте ги и овие факти за пивото кои сигурно не сте ги знаеле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар