Меки воздушести слатки со вкус на пеперминт – одлични за потопување во топлите зимски напитоци како топло чоколадо, какао и секако, кафе
rn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 240 мл ладна вода
- 20 грама желатин
- 280 грама шеќер
- 240 мл пченкарен сируп
- 1 лажичка екстракт од пеперминт
- Црвена боја за храна (опционално)
- 1 прстофат сол
- 45 грама шеќер во прав
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Во сад за матење ставете ½ од водата и во неа сипете го желатинот одозгора. Оставете го да лебди на површината на водата додека го подготвувате останатото.rnrn2. Во среден сад за готвење измешајте го остатокот од водата, шеќерот, пченкарниот сируп и солта и загревајте го на средна температура. Мешајте додека не се разложат состојките. Засилете ја температурата до 115 степени Целзиусови. Најдобро е да користите термометар за слатки во овој процес. Штом ја достигне потребната температура, тргнете го садот од огин.rnrn3. Мешавината од вода и желатин почнете да ја матите со миксер на слаба брзина. Внимателно истурете ја другата мешавина со шеќерот додека миксерот сè уште ви работи. Додадете го екстрактот од пеперминт. Сега засилете ја јачината на мисксерот до средна брзина и матете 6 минути додека да добиете пенеста смеса.rnrn4. Во едно тавче напрскајте шеќер во прав. Додајте неколку капки црвена боја доколку одлучивте да ја употребите и оваа состојка. Сипете тенок слој од маршмелоу кремот во тавчето, а потоа со врвот од нож промешајте по дното за да ја распоредите бојата насекаде. Додадете го и остатокот од кремот, потоа уште неколку капки од бојата за готвење и повторно промешајте со врвот од ножот но овој пат површински. Пропрскајте одозгора со шеќер во прав и оставете го да преноќи.rnrn5. Следниот ден исечете го стегнатиот маршмелоу крем на коцки и сместете ги во непропустлива кутија во која можете да ги чувате до две недели.rnrnОстанува да уживате во вистински интересниот вкус на маршмелоу коцките. Тие се одличен додаток за топлите напитоци, но и лесен десерт после ручекот.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.