13 чадори поради кои ќе го засакате дождот
Чадорот е едно од оние нешта кои не сакаме да ги употребуваме многу. Сепак, кога ситуацијата наложува да носиме чадор поради лошите временски услови, сакале или не, мора да понесеме еден со нас. Па за да биде целата работа поинтересна, еве некои модели кои ги смислиле дизајнерите низ светот.
1. Чадор со часовник
Јапонските дизајнери смислиле начин како да дознаете колку е часот преку вашиот чадор. На неговата внатрешност се испишани часовите, а вградениот компас ќе ви покаже накаде треба да се свртите. Па така, со помош од светлината, чадорот ќе ви го означи точното време.
2. Чадор со визир
3. Чадор-оклоп
4. Чадори за подобрување на расположението
Лошото време може да растажи многумина. Токму затоа се направени овие два чадори, едниот со ротирачки тркалца, а другиот со печат на врвот. Двата модела оставаат „смајли“ откако ќе ги натопите во некое вирче.
5. Чадор за покажување револт кон дождот
6. Чадор кој прикажува поинаква слика во тмурните денови
7. Чадор со пиштол
Овој уникатен изум овозможува водата да се слева низ рачката во пиштолчето, а за понатаму сите знаете како се употребува. 🙂
8. Чадор со држач за чаша
9. Чадор кој се претвора во чанта
10. Чадор со кој можете да играте голф
Овој изум е на дизајнерот Себастијан Еразуриз. Тој обожава да игра голф, па честопати на голф-терените морал да оди со чадор поради лошото време. Токму затоа го создал овој модел.
11. Чадор-ранец
12. Самурајски меч
13. Чадор кој свети
Како што водата паѓа на површината од чадорот, енергијата од ударот на капките врз проводната мембрана се трансформира во електрична енергија, која ги напојува ЛЕД-светилките. Тоа му овозможува на чадорот да свети. Колку посилно врне, толку посилно свети чадорот. Моделот е создаден за да можат возачите на автомобили да ве видат и во темница, со цел да не завршите мокри или повредени.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Значи чадориве се лудило! 🙂 Самурајскиот чадор и тој со среден прст ми се фаворити.
go sakam samurajskiot 🙂
Site cadori se unikatni i navistina interesni…
Ако си вистински обожувател на дождот, не ти треба чадор.
Црниот чадор е секогаш во мода
Прекрасни се! Дали може да посочите како/каде можат да се најдат истите во продажба?