Нова топ дестинација за живот за млади луѓе од Европа
Што е првото нешто на што помислувате кога ќе се спомне Чешка? Добро пиво, добра забава и неизбежниот „трделник“ (слатко печиво во вид на туба што се пече над дрвен јаглен). Не сте го пробале? Не знаете што пропуштате!
Брно е вториот најголем град во Чешката Република и е само на два часа оддалеченост со автомобил од европските главни градови Виена, Братислава и Прага! Многу луѓе велат дека Брно е „град скорен според потребите на луѓето“ – град без бука и метеж, идеален за оние кои сакаат пијалаци, историја и забава.
Исто така, интересно за обожавателите на доброто пиво е дека Брно изобилува со пивари нудејќи многу различни врсти пива. Сигурни сме дека не сте знаеле дека популарното пиво Duff од светски познатата анимирана серија Симпсонови навистина постои и се произведува во Чешка!
Дури 90% од Чесите имаат завршено барем средно училиште – што е една од највисоките стапки на образование во рамките на Европската Унија.
Центарот за корисничка поддршка на Луфтханза ИнТач во Брно, кој во моментов повторно вработува, е потврда дека навистина постојат прилики за вработување на луѓе од нашиот регион во оваа интересна земја!
Компанијата Луфтханза ИнТач во моментов регрутира луѓе за позицијата Консултант за корисничка поддршка. Консултантите им овозможуваат поддршка на клиентите и корисниците на Луфтханза на германски и англиски или на италијански и англиски јазик. Не се бара претходно знаење и работно искуство во оваа или слична дејност. Личноста треба да биде подготвена да стекне ново знаење и вештини, и да сака да комуницира и да работи со луѓе. Оваа прилика е џекпот за сите патувачки ентузијасти – сите вработени во Луфтханза добиваат големи попусти на летовите.
Двајца вработени во Луфтханза ИнТач од БиХ, Селман Бавчиќ и Емир Јагањац, ги споделуваат своите импресии од оваа земја:
„Сакав стабилна и безбедна работа во доброорганизирана компанија, па не се мислев многу пред да се пријавам за работата. Мојата одлука ја зацврстив со фактот дека не можев да најдам работа според мојата професија во мојот роден град Бихаќ, но исто така и бидејќи заработката е многу добра овде, со оглед на тоа дека животот не е толку скап како на пример во Германија“, објаснува Емир.
Селман додава дека значаен фактор за неговата мотивација била шансата да патува низ светот.
„Вработените во Луфтханза добиваат големи попусти на летовите, па само во првата година од моето работење успеав да посетам повеќе места отколку во претходните 20 години. Всушност, за време на тој период посетив места како Амстердам, Барселона, Бангкок, како и неколку острови во Тајланд, а притоа 2-3 пати го посетив и родното Сараево“, вели Селман со возбуда.
Првите три месеци се пробен период, после што се потпишува договор на полно работно време. За време на пробниот период, компанијата овозможува сместување и ги покрива сите трошоци. Компанијата нуди и разни поволности, а има и одлични прилики за унапредување на повисоки позиции, како на пример позиција на обучувач на нов персонал или референт за проверка на квалитет.
За време на оваа и претходната година, над 30 луѓе од земјите во регионот ја искористија оваа можност за вработување и се преселија во Брно, а некои од нив ја чекаат својата работна дозвола за да ја започнат својата кариера во Луфтханза. Сѐ уште се двоумите? Немојте! Запловете во авантурите на животот! ПРИЈАВЕТЕ СЕ ОВДЕ!
Комерцијален текст