Ноември крие огромни наслови коишто фановите на големото платно ги очекуваат со месеци, па затоа и воопшто не изненадува фактот што се очекува да биде еден од најголемите месеци оваа година во светот на кината. Па, ако и вие сте возбудени за тоа што следува, тогаш ви препорачуваме да не ги пропуштате следниве 5 ноемвриски филмски премиери!
rn
Оревокршачка и четирите пространства (The Nutcracker and the Four Realms) – 2 ноември
rnСè што Клара (Мекензи Фој) сака е клуч – уникатен клуч што може да отклучи кутија во која се крие бесценет подарок од нејзината почината мајка. Таа успева да го најде потребниот клуч, којшто за жал исчезнува во мистериозен паралелен свет. Клара мора да премине во овој непознат свет, да го најде клучот и да ја врати хармонијата во нестабилните четири пространства.
https://www.youtube.com/watch?v=BXfxLIuNJvw&t=50srn
Фантастични ѕверки: Злочините на Гринделвалд (Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald) – 16 ноември
rnВторото продолжение на новата приказна од Џ. К. Роулинг се случува во 1920 година во Париз, каде што познатиот Њут Скамандер ќе мора да се соочи со злиот Гринделвалд, којшто е толкуван од страна на незаменливиот Џони Деп.
https://www.youtube.com/watch?v=vvFybpmyB9Ern
Инстант семејство (Instant Family) – 16 ноември
rnКога Пит (Марк Валберг) и Ели (Роуз Бајрн), одлучуваат да започнат семејство, тие наидуваат на светот на привремено посвојување. Надевајќи се да земат едно малечко дете во својот дом, тие запознаваат 3 браќа и сестри и преку ноќ стануваат големо семејство.
https://www.youtube.com/watch?v=IUfZq3DUd3Y&t=rn
Робин Худ: Почетоци (Robin Hood) – 21 ноември
rnПриказната се одвива околу животот на Робин Худ, крстоносец стврднат од војна, што се придржува на смел револт против корумпираната англиска круна.
https://www.youtube.com/watch?v=zwPn9ZnbCo0rn
Ралф го скрши Интернетот (Ralph Breaks the Internet) – 21 ноември
rnЛошото момче од видео игрите, Ралф (Џон Ц. Рејли) заедно со будалестата Ванелопи вон Швитс (Сара Силверман) се движат низ големиот и динамичен свет на светската мрежа во потрага по нешто што би можело да ја спаси играта на Ванелопи.
https://www.youtube.com/watch?v=T73h5bmD8Dc
Додека чекате да излезат овие филмови, погледнете и да не сте пропуштиле некој од најдобрите филмски премиери во октомври.

