Колку пати ви се случило толку многу да ви се спие дури и ви се плаче, во фрка сте со обврски и немате време да се напиете едно кафе за да живнете? Харвардскиот професор Дејвид Едвардс смета дека револуционерен изум за овој проблем е неговиот производ „AeroShot“, кој претставува инхалатор со големина на кармин, кој се појави оваа година на пазарот во Масачусетс, Њујорк и на францускиот пазар.
Сиво-жолтиот пластичен инхалатор содржи 100 милиграми кофеински прав (колку што содржи и една поголема шолја кафе) и Б витамини. Едно парче чини 2,99 американски долари.rnrnБиомедицинскиот инженер Дејвид Едвардс вели дека „AeroShot“ е безбеден и не содржи додатни адитиви како на пример таурин, кој се користи во енергетските пијалаци за да го засили ефектот на кофеинот. Тој смета дека неговиот производ е наменет за луѓе кои се во потрага по брзо и евтино освежување на енергијата.rnrnКога корисникот ќе инхалира од овој бескалоричен прав со вкус на лимон и лимета, тој започнува да се разложува речиси инстантно во вашето тело. Од една тубичка може да се вдише 6 пати.
Коментарите кај корисниците варираат од една кон друга крајност. Некои сметаат дека вкусот на „AeroShot“ е одличен и дека тоа е супер кофеински производ, додека други велат дека никогаш не би го замениле вкусот, мирисот, ритуалот и бавното консумирање на кафето во течна состојба.rnrnКреаторите на овој кафе-инхалатор велат дека нивниот производ нема за цел да го замени вообичаениот начин на консумација на кафето, туку само да го олесни внесувањето кофеин кај луѓето кои имаат динамичен животен стил и мораат да ја „вдишат“ нивната дневна доза додека се во движење. Исто така, тие објаснуваат дека „AeroShot“ е многу практичен за ситуации во кои не можете со себе да носите производи во течна состојба, како на пример кога учите во читална, се качувате во авион или возите автомобил со часови. Воедно, сметаат дека е брзо и едноставно да вдишете од инхалаторот и додека возите велосипед, скијате или правите каква било активност за која ви е потребна енергија.
Првиот ваков производ на проф. Едвард беше чоколадото кое може да се вдише, т.н. „Le Whif“, а наскоро се подготвува да го промовира производот „Le Whaf“, кој претставува стаклен сад со футуристички изглед, преку кој нискокалорична храна и пијалаци се консумираат во вид на вкусен облак. Дали ова значи дека во иднина ќе престанеме да јадеме и пиеме на начинот на којшто тоа го правевме досега? Останува да видиме…rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
