Уште една причина плус зошто треба повеќе да се гушкате со вашите најблиски!

Уште една причина плус зошто треба повеќе да се гушкате со вашите најблиски!

Кога вашата сакана личност има тежок ден, веројатно ја прегрнувате без воопшто да размислите за тоа. Едно ново истражување покажува дека токму овој гест има многу поголемо влијание одошто мислите.

Станува збор за студија објавена во научното списание „PLOS One“ што тврди дека прегратката може да има мерливо влијание на расположението и количината на стрес по конфликт. Се покажало дека прегратката е гест што ги зголемува позитивните емоции, додека истовремено ги намалува негативните кај луѓето во деновите кога имале проблеми во врската.

Коавторот на студијата, Мајкл Марфи, вели дека прегратката што е многу едноставно однесување, може да биде ефективен начин за давање поддршка и на мажите и на жените што минуваат низ конфликти во нивните односи.

Марфи и неговите колеги за потребите на оваа студија, телефонски интервјуирале 404 возрасни индивидуи, и тоа секоја вечер, во текот на две недели. Меѓу другото, на секоја личност ѝ било поставено прашање за расположението во текот на денот, за дали имало некаков конфликт во врската и дали добила прегратка.

Прегратките, како што откриле истражувачите, биле поврзани со мали подобрувања во позитивното расположение и намалување на негативното. За време на деновите кога имале конфликт, луѓето пријавиле малку негативни емоции, а многу позитивни, во оние денови кога имале конфликт што завршил со прегратка.

Ова се случувало во сите ситуации, без разлика на полот, годините, брачниот статус, социјалните интеракции, просечното расположение и слично. Ефектот бил забележлив дури и следниот ден.

Истражувањето сугерира и дека физичкиот допир може да ги поттикне благотворните физиолошки промени, како намалување на стресните активности на мозокот и на срцето, и ослободување на окситоцинот што се нарекува хормон на љубовта. Секако, имајте на ум дека многу е важно и од кого доаѓа прегратката.

На кратко, прегратката, особено меѓу блиските, може да биде едноставен, директен и ефективен начин за давање поддршка на личноста за која се грижите, а која е во конфликт во својата врска.

Можеби нема да ви се верува, но прегратките можат да ни помогнат и во борбата со стресот и инфекциите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар