Дали е доволно само една прегратка на ден да ни помогне во одржување на нашето здравје? Според едно ново истражување спроведено од Универзитетот Карнеги Мелтон, изгледа дека оваа идеја не е целосно невозможна.rnrn
rnrnВодени од Шелдон Коен, професор по психологија, истражувачите тестирале дали прегратките се еден вид социјална поддршка која ги заштитува луѓето од болести. Објавена во журналот „Psychological Science“, оваа студија ни открива дека поголемата социјална поддршка и почестите прегратки ги заштитуваат луѓето од инфекции предизвикани од стрес и резултира со помалку симптоми на сериозни болести.rnrnКоен и неговиот тим одбрале да ги проучуваат прегратките како пример за социјална поддршка бидејќи тие обично се знак за поголема интимност и блискост со друга личност. Коен објаснува:rnrn
„Знаеме дека луѓето за време на конфликти со другите луѓе се помалку способни да се одбранат од различни видови вируси, како на пример, настинката. Исто така знаеме дека луѓето кои имаат социјална поддршка се делумно заштитени од ефектите на стрес на психолошко ниво, најмногу во областа на депресијата и анксиозноста. Ние тестиравме дали перцепциите за социјалната поддршка се подеднакво ефективни во заштитата од подложноста на инфекции која е предизвикана од стресот и дали прегратките би можеле да придонесат во развивање на чувството на поддршка, а со тоа и до поефективна одбрана од инфекции.“
rnРезултатите од оваа студија ни покажуваат дека социјалната поддршка го намалувала ризикот од инфекции кој е поврзан со доживувањето конфликти. Прегратките биле одговорни за 1/3 од заштитата на социјалната поддршка. Дури и оние кои за време на истражувањето настинале, покажале значително помали симптоми доколку биле изложени на повисока социјална поддршка и почести прегратки. Коен вели:rnrn
„Ова ни сугерира дека прегратките од личност на која ѝ веруваме можат да служат како ефективно средство на социјална поддршка, а зголемувањето на нивната фреквенција може да биде ефективен начин за намалување на опасните ефекти од стресот. Очигледниот позитивен ефект на прегратките може да биде објаснет со самиот физички контакт или пак, со фактот дека прегратката е бихејвиорален индикатор на поддршка и интимност. Во секој случај, оние кои добиваат повеќе прегратки се позаштитени од инфекции.“
rnТокму затоа не воздржувајте се, гушкајте ги почесто вашите најблиски и поминете ја оваа зима поздраво од кога било…rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.