Минувањето низ раскинување или развод може да биде еден од најтешките предизвици во животот. Иако можеби сте го виделе крајот, прекинувањето на врска е голема промена што доаѓа со цел процес на тагување.
Важно е да разберете дека нема да се чувствувате добро. Нема точно дефиниран распоред, но треба да знаете дека со секој ден нештата ќе се подобруваат. За да не го направите целиот процес уште потежок, обидете се да ги избегнувате овие нешта.rn
1. Зборување лошо за бившиот на социјалните мрежи
rnМожеби социјалните мрежи се секојдневие, но зборувањето лошо за вашиот бивш партнер ќе направи само вие да изгледате лошо. Сепак, еднаш сте одлучиле да бидете во врска со оваа личност. Ако сметате дека пишувањето на она што го чувствувате ви помага да преболите, тогаш пишувајте во дневник. Ако барате поддршка, јавете му се на пријател и добијте ја на вистинскиот начин. Иако можеби ќе чувствувате потреба да му докажете на светот дека не сте доживеале неуспех, ова е лоша идеја.rn
2. Заглавување во минатото
rnНемојте постојано да ја слушате „вашата заедничка песна“. Ова воопшто нема да ви помогне и само ќе ви го влоши расположението. Одберете нова песна. Направете ја ваша химна. Можеби не треба да бидете драматични и да уништувате, но сепак е добро да се ослободите од нештата што ве потсетуваат на поранешниот партнер.rn
3. Се обидувате да останете „само пријатели за секс“
rnМожеби мислите дека од сексот со бившиот има само придобивки. Сепак ве познава и знае што сакате и со него ќе се чувствувате подобро отколку по секс за една вечер. Но, ова размислување е погрешно. Ова ново пријателство нема да заврши добро.rn
4. Обвинување
rnПостојаното обвинување на бившиот или на самите себе е само трошење време. Секоја врска ве научила на нешто и ве направила подобра личност за наредната. Размислете за она што сте го научиле, како сте се промениле и бидете благодарни за искуството. Оваа врска само ве доближила до љубовта што навистина ја заслужувате. Засега фокусирајте се на закрепнувањето.rn
5. Намалување на болката
rnВажно е да сфатите дека навистина треба да го почувствувате очајот за да се ослободите од него. Интересно е што вашата физиологија природно ве штити. Ограничени сте само на искуството со коешто можете да се справите во тој момент. Тоа значи дека употребувањето други средства за намалување на болката како алкохол, дрога, па дури и врска за преболување, ќе го забават неопходното лекување. Искористете ги природните ендорфини во вашето тело на здрав начин наместо да ја продолжувате болката избегнувајќи ја.
Дознајте и кои се 4-те фази на раскинувањето.

