За овие 3 хороскопски знаци, ноември ќе биде најлошиот месец во годината!
Ноември ќе биде навистина тежок месец за многу знаци, носејќи им големи промени во животот и многу потешкотии што ќе треба да ги надминат. Но, на овие 3 знаци, ѕвездите им го носат најтешкиот пат низ месецот. Па, ако се најдете на оваа листа, подгответе се, бидејќи ве очекуваат многу препреки дур излезете на безбедно.
1. Овен: Имате потреба од време само за себе
Знаеме дека најверојатно сте преморени, и имате право да се чувствувате така. Но, потребно е да издржите само уште еден месец… Дали се грижите доволно за себе? Или пак, претерувате со работата? Мора да најдете начин да поминувате повеќе време со себе и да си ја обновувате енергијата, бидејќи едноставно ќе прегорите. Ако тоа значи одвреме-навреме да ја заклучите вратата од вашата соба и да ставите знак „Не вознемирувај“, слободно направете го тоа!
2. Близнаци: Дојде време за ретрограда
Повторно ви дојде тоа време во годината. Меркур е во ретрограда на 16 ноември, само неколку часа откако Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе излезе. Меркур ќе патува наназад низ вашата седма куќа на партнерства и врски. Па, можеби ќе ви се врати нешто од минатото? Што и да се случува, не правете никакви планови за патување до 6 декември, односно додека Меркур не излезе од ретрограда. Но, имаме и добри вести за вас. И Јупитер ќе влезе во овој дел од вашата карта на 8 ноември, каде што ќе остане во следните 13 месеци, што значи нешто големо ви се подготвува, во однос на партнерството. Само издржете ја ретроградата и сè ќе биде во ред.
3. Јарец: Ако не одморите, ќе прегорите
Забавете, Јарци. Тргнете ги настрана сите крајни рокови, и тие можат да почекаат, и одговорете ни на следното прашање: Кога последен пат сте биле сами со себе, односно сте зеле слободен ден само за да го одморите вашиот ум? Многу нешта ќе ви се случуваат овој месец, што значи дека ќе имате многу повеќе работа од вообичаено. Исто така и од вас ќе се очекува многу повеќе. Вистината е дека нештата мора да почнат да се менуваат доколку сакате да напредувате на личен план. Но, не грижете се. Јупитер, планетата на среќата и експанзијата, влегува во вашата 12-та куќа на спиритуалноста на 8-ми ноември, и ќе ви помогне да заздравите. И однадвор и однатре.
Не се пронајдовте на оваа листа? Можеби за вас, ноември ќе биде најдобриот месец во годината!