КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: Волшебнички (Charmed)

По трагичната смрт на нивната мајка, три сестри откриваат дека се моќни вештерки

rnГлавни улоги: Мелони Дијаз, Маделајн Менток, Сара ЏефриrnrnЖанр: драма, фантазијаrnrnКреатори: Џесика О’Тул, Ејми Рардин, Џени Снајдер УрманrnrnПремиера: 14 октомври 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=-ycEPoT1Nzw&t=150srnrnСе сеќавате на популарната ТВ серија „Волшебнички“ од 98-ма година? Секако. Кој би можел да ги заборави Пру, Пајпер и Фиби? И Пејџ! Оваа приказна за трите сестри со магични моќи беше една од најпопуларните во доцните 90-ти и раните 2000-ти, па затоа и воопшто не е чудно што добива втора шанса на малите екрани.rnrn rnrnОвој пат, го следиме животот на нови три сестри – Мел (Мелони Дијаз), Меги (Сара Џефри) и Мејси (Маделајн Менток) кои по загубата на својата мајка ќе сфатат дека реалноста е многу поинаква одошто мислеле. Тие живееле сосема нормален тинејџерски живот пред будењето на нивните моќи, кои мора брзо да научат како да ги користат доколку сакаат да преживеат.rnrn rnrnПокрај овие три девојки, мора да се спомне и Хери Гринвуд (Руперт Еванс), кој додава интересна и хумористична страна на најчесто застрашувачките сцени. Тој е нивниот советник и заштитник, оној што ќе им помогне полесно да го направат преминот кон новиот, мистериозен свет. Тој исто така ќе им ја даде и познатата Книгата на сенките, која ќе ги води во идните авантури.rnrn rnrnПа, ако сте расположени за носталгично патување во вашето детство, но со нови и свежи ликови, и малку помодерна верзија на познатата приказна, тогаш оваа ТВ серија може да биде совршеното викенд бегство за вас. Дури и да не сте ја гледале оригиналната серија, а сте љубители на фантазијата, ќе уживате во „Волшебнички“!