КАФЕ ПАУЗА

6 едноставни совети за среќен и здрав брак (со деца)

6 совети за среќен и здрав брак

Понекогаш изгледа дека денешните бракови се потешки од кога било порано. Без разлика дали имате многу работа или се грижите за вашите деца, сите се апсорбирани од нивните зафатени распореди. Сигурно сакате да поминувате време со сопругот, но тоа не се случува никогаш… Па, не е ни чудно што врската ви е во неволја.rnrn6 совети за среќен и здрав бракrnrnДа бидете родител навистина значи да вложите многу во хигиената на домот, прехранување на семејството и задоволување на потребите на децата. Но кога сте и сопруга и родител, важно е да запомнете дека вашиот брак е исто толку важен колку и децата. Едноставно не можете да одгледате среќни деца ако нивната основа не е цврста, а здравото семејство е цврсто колку родителите.rn

1. Неопходно е да поставите секојдневна рутина за вас и за вашата врска

rnБез разлика дали станува збор за неделно излегување со најдобрите пријатели или одвојување време само за вас двајцата, имањето рутина ќе ве мотивира. Излегувањето од дома е првиот добар чекор ако не сте сигурни каде да почнете.rn

2. Бидете искрени за вашите чувствата

rnБез разлика колку е очигледен вашиот стрес, голема е веројатноста сопругот да не разбира што навистина ви се случува. Не плашете се да му кажете.rn

3. Побарајте засилување

rnНема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да побарате помош. Туѓата перспектива за ситуацијата може да направи многу голема разлика.rn

4. Понекогаш неопходно е да го ставите бракот на прво место

rnДецата се вашиот свет, но понекогаш грижата за нив прави да заборавите дека родителството не е вашиот единствен идентитет. Од голема важност е да не го заборавате вашиот идентитет како маж и жена, односно да не се гледате само како мајка и татко.rn

5. Согласете се дека не се согласувате

rnСите парови во здрава врска се расправаат. Тоа е сосема нормално. Она што е навистина важно е како ќе се справите со тие расправии. Не заборавајте дека расправата не е за да се најде победник, туку за и двајцата да се чувствувате слушнато и разбрано.rn

6. Јавното покажување љубов е сосема здраво

rnАко им покажувате на вашите деца колку се сакате, тоа ќе има влијание на нивното идно мислење за врските.rnrnПогледнете ги и овие правила за среќен брак од нашите баби.