Според статистиката, поминуваме околу 1,5 години од животот во бањата, и околу 6 месеци во туширање. Ова не е изненадувачки бидејќи хигиената е важен дел од нашите животи. Но малкумина знаат дека правиме многу грешки во текот на туширањето кои можат да му наштетат на нашето здравје. Погледнете кои се најчестите.rn
1. Не се туширате после вежбање
rnНекои луѓе сметаат дека единствената причина за туширање после вежбање е миризбата. Но постои и друга причина – потењето го стимулира размножувањето на бактерии што може да предизвика осип. Па истуширајте се што е можно побрзо по вежбањето.rn
2. Ги бричите нозете пред да направите педикир
rnНемојте да ги бричете нозете пред да направите педикир. Можно е да добиете инфекција преку малите гребаници на вашите стапала.rn
3. Не се туширате со контраст
rnПред да завршите со туширање, пуштете студена вода околу 30 секунди. Ова ќе ја зголеми вашата издржливост на стрес, ќе ви го зајакне имунитетот и функционира како антидепресив. Но имајте на ум дека овој контраст може да предизвика несоница пред спиење.rn
4. Секојдневно се туширате и ја миете косата
rnЛуѓето кои имаат тенка и слаба коса не треба да ја мијат секој ден. Најдобро е да ја миете косата два пати неделно за влажноста на косата да остане во рамнотежа. Исто така не заборавајте дека пречестото туширање ја иритира и дехидрира кожата бидејќи водата ги отстранува и добрите бактерии. Ова ви го зголемува ризикот од кожни инфекции.rn
5. Ја завиткувате мократа коса во пешкир
rnКога е влажна, косата е навистина ранлива и кршлива. За да го избегнете оштетувањето немојте да ја завиткувате косата во пешкир по туширање. Исто така, поради топлината што се создава, жлездите на главата се активираат повеќе, па косата може да изгледа повалкано.rn
6. Не го чистите тушот
rnАко долго време го користите тушот сигурно имате забележано бел талог на него. Овој талог може да биде опасен по вашето здравје. Научниците откриле дека на тушевите можно е да има бактерии што предизвикуваат болести на белите дробови.
Продолжува на следната страница…

