Секој маж е приказна за себе. Но, постојат работи кои можат да се прикажат како генерална слика за особините кои ги красат повеќето мажи. Ова се неколку особини на мажите кои можат да ви помогнат подобро да го разберете вашиот партнер.rnrn
rn
Мажите својата љубов ја прикажуваат преку дела, а не преку зборови
rnМажите не се директни во покажувањето љубов кон својата понежна половина, а и не знаат да читаат мисли. Кажете им отворено и јасно што посакувате, а кога нареден пат ќе направи нешто за вас, покажете му дека сте воодушевени.rnrn
Ценат моден совет
rnИако не посветуваат големо внимание на тоа, секој маж цени ако му дадете некаков совет поврзан со неговиот стил на облекување. Но, тоа не значи дека треба да му ја промените целата гардероба, бидејќи така ќе му создадете чувство дека го губи својот личен идентитет и дека вам не ви се допаѓа како тој изгледа, па можете да го навредите.rnrn
Најдобро функционираат со кратки и јасни пораки
rnИако понекогаш ви се чини дека ништо не ве слушаат, проблемот е во тоа што не сфаќаат што очекувате од нив. Наместо да одете во ширина, пробајте да бидете јасни и кратки во барањата и искажувањето на чувствата, со сигурност ќе ви биде подобро и на двајцата.rnrn
И мажите имаат свои несигурности
rnМожеби го мачи пивскиот стомак, ќелавењето или нешто трето, но во денешно време мажите се под голем притисок дека мораат да изгледаат добро. Затоа дадете му на знаење дека сè уште ве привлекува како и претходно.rnrn
Можат да извршуваат повеќе куќни обврски отколку што мислите
rnИстражувањата покажале дека жените го потценуваат времето кое мажите го посветуваат извршувајќи домашни обврски, а дека го преценуваат своето. Како и да е, доколку сакате да најдете некој баланс и работите да ги делите по пола, тогаш седнете и направете убав план. Одлучете точно кои обврски кому му припаѓаат.rnrn
Мажите сакаат натпреварувања
rnДоколку оваа потреба вашиот маж ја надоместува преку гледање и гласно навивање на спортски натпревари, не сфаќајте го тоа како нешто лошо. Истражувањата покажале дека ваквите работи ги опуштаат мажите и дека тие придонесуваат да бидат подобри во други полиња од врската.rnrn
Мажите слушаат селективно
rnКога станува збор за конверзација, мажите и жените имаат различни интереси. Немојте да се навредите доколку тој не го запомнил најновиот трач за вашата колешка на работа, бидејќи едноставно мажите не ги интересираат таквите работи.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
