5 морничави хорор книги одлични за оваа есен

5 морничави хорор книги одлични за оваа есен

Есента е совршено време за шолја кафе и добра книга. Доколку сакате да прочитате нешто различно и малку морничаво сега е одлично време за тоа. Во продолжение погледнете неколку одлични предлози од кои ќе ве полазат морници.

1. „Лешниковата гора“ – Мелиса Алберт (The Hazel Wood)

5 хорор книги одлични за оваа есен

Оваа книга ќе ве привлече и само со нејзината корица. Приказната е навистина морничава, а самата есен ќе го направи читањето уште поинтересно. Писателката умешно ги комбинира мистеријата и мрачните бајки со многу драма. Па, направете шолја кафе, најдете удобно место и уживајте.

2. „Хокус Покус и новото продолжение“ (Hocus Pocus & The All-New Sequel)

5 хорор книги одлични за оваа есен

Ако сте љубители на истоимениот филм, ова е книгата за вас. Можеби филмот нема продолжение, но оваа книга го нуди токму ова. Можете да ги погледнете сестрите Сандерсон како повторно се обединуваат и се обидуваат да предизвикаат пекол во Салем. Дејствието на „Хокус покус“ е една од најпознатите страшни приказни. Книгата е поделена во три дела. Првиот дел го опфаќа филмот, а вториот и третиот дел се случуваат неколку години подоцна.

3. „Самрак“ – Стефани Мајер (Twilight)

5 хорор книги одлични за оваа есен

Без разлика дали сте биле тинејџери луди по сагата „Самрак“ или воопшто не ве интересирала, зошто да не ѝ дадете шанса на оваа позната книга? Делото тешко дека може да се нарече трилер, но е забавно за читање доколку сакате фантазија и приказни со вампири. Ако ништо друго ова е лесно четиво, со хорор елементи – совршено за есенските денови. А којзнае, можеби повторно ќе се вљубите во овој серијал.

4. „Ноќниот циркус“ – Ерин Моргенстерн (The Night Circus)

5 хорор книги одлични за оваа есен

Aко сакате морничава мистерија, но не премногу страшна приказна, тогаш ќе ви се допадне оваа приказна. Овде се раскажува за циркус кој се појавува само навечер и со кој управуваат двајца магионичари кои се ривали. Приказната ве носи низ нивните натпревари, а описите се толку детални што ќе ги разбудат сите ваши сетила. Ова е приказна што навистина ќе ве освои.

5. „Бидејќи сакаш да ме мразиш“ – уредено од Амери (Because You Love to Hate Me)

5 хорор книги одлични за оваа есен

Можеби сакате есента да ја поминете во удобноста на вашиот дом со шолја кафе и добра книга. Но, бидејќи сте возрасни и имате обврски, можеби и немате многу време за приказни и фантастични светови. Ако времето ви е од голема важност, оваа збирка раскази е совршена за вас. Уредничката собрала 13 кратки раскази од 13 различни автори и имате можност да ги прочитате познатите бајки од нова перспектива – онаа на неразбраните негативци.

Прочитајте и некои од најстрашните книги напишани според вистински настани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар