КАФЕ ПАУЗА

Лесна салата со краставица и авокадо

Лесна салата со краставица и авокадо

Оброк салатите им се омилени на луѓето кои внимаваат на својата линија, па оваа лесна салата со авокадо и краставици е совршена за нив. Овој нискокалоричен освежителен оброк е идеален за топлите денови. Освежувачкиот вкус на краставицата и фета сирењето, во комбинација со хранливото авокадо, ќе ја направи оваа салата вашиот омилен оброк.rnrnЛесна салата со краставица и авокадоrn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 2 краставици исечкани на кругови
  • rn 011

  • 100 грама фета сирење
  • rn 011

  • 1 исечкан млад кромид
  • rn 011

  • 1 авокадо исечено на парчиња
  • rn 011

  • 2 децилитри маслиново масло
  • rn 011

  • 1 децилитар лимонов сок
  • rn 011

  • 1 лажица сенф
  • rn 011

  • 1 лажица лук во прав
  • rn 011

  • Прстофат сол и бибер
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnВо поголем сад измешајте ги краставиците, авокадото, младиот кромид и издробеното фета сирење и добро промешајте. Во друг сад направете го преливот за салатата од масло, лимонов сок, сенф, лук во прав, сол и бибер. Добро измешајте ги состојките.rnrnДодајте го преливот во садот со зеленчукот, добро измешајте и оставете ја салата малку да отстои за да се впие преливот. Можете да ја послужете салатата како оброк, или како додаток за ручек.rnrnСигурно ќе ви се допаднат и овие ладни салати со тестенини.