КАФЕ ПАУЗА

Дрва што генерираат електрична енергија

Дрва што генерираат електрична енергија

Written by

in

Сите си ги замислуваме ветерниците како огромни високи направи инсталирани негде далеку. Но, основачот на NewWind, Жером Мишо Ларивиер сакал да го промени тоа мислење. Додека седел на еден плоштад, тој забележал дека листовите на дрвјата се мрдаат иако тој не чувствувал никаков ветер. Ова го инспирирало да создаде биомиметичка ветерница во форма на дрво којашто ќе ја собира енергијата која инаку би се изгубила во воздухот.rnrnДрва што генерираат електрична енергијаrnrnЖером бил толку убеден во неговата идеја што го напуштил работното место во филмската индустрија и ги поминал следните три и пол години работејќи со тим инженери за да го создаде неговото дело Arbre a Vent. Дизајнирани да изгледаат убаво и да работат ефикасно но тивко, листовите на дрвото кои се наречени аеролистови се всушност мали турбини со микропроцесор чија цел е да соберат што е можно повеќе енергија. Иако изгледа како да се хаотично наредени, листовите се распоредени на тој начин што собираат енергија од сите насоки.rnrnДрва што генерираат електрична енергијаrnrnСекое дрво е високо од 8 до 10 метри и има 63 аеролистови. Дури и кога ветрот е навистина бавен, и без разлика од каде и да дува, листовите можат да соберат доволно енергија и да ја претворат во електрична. Некои ветрови се навистина бавни и обичните ветерници воопшто не ги регистрираат.rnrnДрва што генерираат електрична енергијаrnrnЖером се надева дека еден ден неговиот изум ќе биде поставен во дворовите на многу куќи и урбани градини. Секое дрво има капацитет од 4,1 kW и може да осветли пат со должина до 450 метри. Исто така може да произведе и до 80% од електричната енергија што ја користи едно семејство, ако не го вбројувате греењето. Во дрвото има и центрифугална кочница што го штити дрвото на силни ветрови. Дрвата можат да се користат над 12 години.rnrnrnrnБез сомнение е важно одржливото собирање енергија во градовите каде што живеат голем број луѓе. Но, моментално едно дрво чини околу 30.000 евра, па од компанијата се обидуваат да направат поевтини продукти користејќи ги помалите растенија за инспирација.