КАФЕ ПАУЗА

Легендата за лагата и голата вистина

Легендата за лагата и голата вистина

Лагата и вистината се двата краја на она што секојдневно го кажуваме и слушаме од другите. Знаеме да ја кажуваме вистината, но понекогаш и подлажуваме за да избегнеме некој непријатен исход. Некои пак, знаат да излажат до степен од каде нема враќање назад, па самите се заплеткуваат во безизлезни ситуации со лоши последици. Сепак, едно е сигурно, од голата вистина никој нема корист, па затоа и веројатно ретко ја слушаме, а оваа легенда од 19-тиот век дава интересно објаснување зошто е тоа така.rnrnЛегендата за лагата и голата вистинаЕден ден се сретнале лагата и вистината.rnrnЛагата ѝ рекла на Вистината: „Денес е многу убав ден!“rnrnВистината погледнала нагоре кон небото и длабоко воздивнала, забележувајќи дека денот е навистина прекрасен.rnrnТие поминале доста време заедно и најпосле стигнале до еден бунар.rnrnЛагата ѝ се обратила на Вистината: „Водата е многу убава, ајде да се капеме заедно!“rnrnВистината со сомнеж ја проверила водата и видела дека навистина е многу фина за капење.rnrnДвете ги соблекле своите алишта и влегле во водата.rnrnОдеднаш, Лагата излетала од водата, ги алиштата на Вистината и побегнала.rnrnИзбезумена Вистината истрчала од бунарот, обидувајќи се да ја најде Лагата и да си ги земе назад своите алишта.rnrnСветот, гледајќи ја голата Вистина, испраќал погледи со осуда и бес.rnrnНемајќи што да прави, сиротата Вистина се вратила во бунарот и засекогаш исчезнала, криејќи го таму својот срам.rnrnОттогаш Лагата патува насекаде облечена како Вистина, за да ги задоволи потребите на сите, бидејќи Светот секако нема ни најмала желба да ја запознае голата Вистина.rnrnЕве кои 6 лаги што никогаш не смеете да си ги кажувате доколку сакате да бидете среќни.