Дали сте уморни од животот? Дали постојано се чувствувате ментално и физички исцрпени? Дали ви е преку глава од сè и понекогаш немате волја да продолжите напред? Можеби вашиот одговор е позитивен иако не сте доволно свесни за тоа? Овие знаци ќе ви укажат дали е навистина така или не.rnrn
rn
1. Постојано сте исцрпени
rnИсцрпеност, умор, замор, истоштеност… Сеедно е кој збор и да го употребиме бидејќи ви е добро познато ова чувство. Без разлика колкава пауза правите додека работите или колку часа посветувате на спиење, сепак вие сте уморни. Физички, ментално, духовно, емотивно… во секој поглед.rn
2. Отуѓеност
rnЧувствувате отуѓеност од сè околу вас, без разлика дали се работи за луѓе, соништа, цели, одговорности и работа. Не сте среќни, ниту пак несреќни туку едноставно сте емоционално вкочанети.rn
3. Отсуство на страст
rnКога сте уморни од животот, чувствувате како огнот во вас полека гасне, а со него исчезнува и страста која порано ви беше поттик да ги направите најголемите подвизи во животот. Дури и кога сте свесни дека вие сте зрак надеж во животот на вашите сакани, сепак понекогаш воопшто не ви е грижа за тоа.rn
4. Вознемиреност и паника
rnФактот дека не можете ништо да завршите навреме и дека постојано се чувствувате без енергија прави да се чувствувате постојано нервозни и под стрес. Така, речиси секој втор ден имате напади на паника и се плашите дека нешто наопаку ќе тргне во вашиот живот.rnrnОткако прочитавте кои се знаците кои укажуваат дека сте изморени од животот, можеби ќе сакате да прочитате и кои знаци ќе ви укажат дека ви претстојат големи животни промени.rnrnИзвор: themindsjournal.com