КАФЕ ПАУЗА

Училиште ги заменило казните со медитација и резултатите се неверојатни

Училиште ги заменило казните со медитација и резултатите се неверојатни

Замислете си дека предавате во училиште и имате ученик кој постојано се однесува лошо. Кое е вашето решение?rnrnУчилиште ги заменило казните со медитација и резултатите се неверојатниrnrnПовеќето училишта ќе го казнат ученикот или ќе го суспендираат на неколку денови. Никој не ни помислува дека можеби ученикот кој се справува со фрустрација, стрес и гнев би требало да медитира. Самата идеја не звучи толку добро.rnrnНо и казните не звучат добро. Иако можеби целта на казните е да ги натераат учениците да размислат што направиле, ова не секогаш функционира. Многу од казнетите ученици само стануваат побунтовни и погневни откако ќе ги казнат.rnrnНо едно основно училиште во Балтимор, Мериленд ги заменило казните со медитација, а резултатите биле подобри од очекуваното. Уште откога ги терале учениците да медитираат, ниту еден ученик не бил суспендиран. Покрај тоа, ова уникатно правило можеби им помага на децата да бидат поуспешни.rnrnУчениците повеќе не ги испраќаат кај директорот или психологот на разговор, туку ги праќаат во „соба за смиреност“. Оваа соба е дизајнирана да нуди мирна и удобна атмосфера. Насекаде има светилки, смирувачки дезени по ѕидовите и перничиња на кои седат учениците. Секој што се однесува лошо го праќаат во собата каде што вежба техники за дишење и медитација со кои се смирува. Учениците се приземјуваат со овие техники, а некои дури се охрабруваат да дискутираат за нивното искуство во собата, како и постапките што ги донеле таму.rnrnИнтересно е што медитацијата и другите техники за смирување се користат во другите култури со милениуми. Неодамна дури и научната заедница почна да се восхитува на концептот и многумина почнаа да ги истражуваат придобивките од медитацијата. Овие истражувања покажале навистина интересни резултати.rnrnЕдно истражување работело со војници кои ги учеле на медитација. Се открило дека кога медитирале редовно, тие биле посмирени и подобро се справувале со нивните емоции. Дури им се подобриле и сеќавањата. Друго истражување докажало дека медитацијата го зголемувала времето на концентрација и генерално го подобрувала фокусот.rnrnДодека истражувањата на луѓето треба да се гледаат со малку скептицизам, најчесто од медитацијата има многу придобивки, дури и во полето на психотерапијата.rnrnНавистина е неверојатно и неочекувано толку мало дете да медитира. Дури и на годишната божиќна забава, децата од училиштето требало да медитираат пред да ги добијат подароците и никој од нив не се пожалил. Веројатно на децата им било тешко да влезат во медитативна фаза додека се возбудени за подароците, но го направиле тоа успешно.rnrnДецата не се ограничуваат само на медитирање во училиштето. Многу родители изјавиле дека медитацијата и техниките што ги научиле од нивните деца им помогнале да се смират кога биле под стрес цел ден.rnrnПокрај медитацијата, децата имаат часови за зачувување на планетата. Им организираат разни активности како градинарство и екскурзии до фарми. Учениците можат да држат или да земаат часови по јога.rnrnМожеби не треба да бидеме сигурни дека промените настануваат поради медитацијата, но очигледно е дека таа има големо, позитивно влијание.rnrnПогледнете ги и овие одлични алтернативни форми на медитација.