КАФЕ ПАУЗА

Строг кралски протокол: 15 правила што мора да ги почитуваат децата на британското кралско семејство

Строг кралски протокол: 15 правила што мора да ги почитуваат децата на британското кралско семејство

Познато е дека британското кралско семејство има строги кралски правила што мора да ги почитуваат сите членови. Но, овој задолжителен протокол важи и за најмладите членови на семејството.rnrnСтрог кралски протокол: 15 правила што мора да ги почитуваат децата на британското кралско семејствоrn

1. Мора да се поклонат пред кралицата

rnКралскиот протокол предвидува дека жените во кралското семејство мора да се поклонат пред кралицата кога ќе ја видат првпат во текот на денот.rn

2. Треба да поминат обука за добро однесување

rnНајмладите членови на кралското семејство започнуваат со обука веднаш штом ќе стигнат до возраст да можат да седнат на масата. Децата растат со формални ручеци и настани. Исто така, начинот на кој зборуваат и се облекуваат бара формалност.rn

3. Обично учат странски јазик

rnПовеќето членови на кралското семејство научиле странски јазик кога биле деца – кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс и принцот Вилијам течно зборуваат француски јазик.rnrnТрадицијата им се пренесува на децата, па Кејт Мидлтон започнала да го учи принцот Џорџ шпански јазик кога имал само две години.rn

4. Момчињата треба да носат кратки панталони

rnДецата на кралското семејство мора да почитуваат одредени модни правила, од кои најчудното е што момчињата можат да носат само кратки панталони во јавност.rnrnСе верува дека таквата облека е посоодветна за децата со сина крв бидејќи долги панталони носат децата од средната класа.rn

5. Девојчињата треба да носат само фустани

rnКога станува збор за облекувањето на малите принцези, ним им е дозволено да носат само фустани со класичен крој. Во нивниот плакар нема панталони и здолништа.rnrnОваа традиција датира од времето кога ќерката на кралицата, принцезата Ана била мала.rn

6. Не јадат готова храна за бебиња

rnОва правило значи дека тие не јадат храна од шишиња, т.е. веќе подготвена храна за бебиња, туку целата храна ја подготвуваат приватни готвачи.rnrnПрвите оброци на кралските деца обично се кашички од јаболка и круши варени на пареа.rn

7. Не смеат да играат „Монопол“

rnОваа игра е забранета во кралската палата затоа што во минатото некои членови станале премногу натпреварувачки настроени поради тоа.rn

8. Може да ги прифатат подароците

rnКако и сите членови на кралското семејство, кралските деца секогаш мора да ги прифаќаат подароците што ги добиваат од луѓето.rn

9. Но, обично не ги задржуваат истите тие подароци

rnОд играчки до букети цвеќиња, кралските деца честопати се опсипани со подароци секогаш кога се појавуваат на јавни настани.rnrnСепак, кралскиот протокол вели дека кралицата одлучува кои подароци може да ги задржат.rn

10. Не им е дозволено да носат црна облека на дневни настани

rnВо кралското семејство, црната боја се носи исклучиво на погреби и за време на жалост. Затоа, оваа боја е забранета на дневни настани.rnrnНо, постои исклучок од ова правило што се случи кога принцот Џорџ беше облечен во црн воен костум на свадбата на неговиот чичко, принцот Хари.rn

11. Но, секогаш мора да имаат црна облека при рака

rnКога патуваат, сите членови на кралското семејство мора да имаат црна облека при рака, во случај на ненадејна смрт додека се на пат.rnrnКралицата Елизабета го воведе ова правило по смртта на нејзиниот татко затоа што таа била во Африка кога починал нејзиниот татко и немала црна облека со неа.rn

12. Треба да пораснат малку за да присуствуваат на божиќната миса

rnНа кралските деца им е дозволено да одат на божиќната маса само откако ќе пораснат малку, па принцот Џорџ и принцезата Шарлот беа првпат во 2019 година.rn

13. На божиќниот ручек, тие седат на посебна маса и во посебна просторија

rnКралските деца го поминуваат Божиќ во Сандрингем со членовите на семејството со задолжителен празничен ручек. Но, според правилото, децата не седат на иста маса со возрасните, туку во друга просторија.rn

14. Не им е дозволено да отвораат подароци на Божиќ

rnНа Божиќ традиционално одат на миса во црквата „Света Марија Магдалена“, а потоа на семеен ручек. Не им е дозволено да отвораат подароци на најсреќниот христијански празник.rn

15. Додека не стапат во брак, на принцезите не им е дозволено да носат тијари

rnТијарите се синоним за принцези и за жени со сина крв, но се резервирани исклучиво за мажените дами.rnrnПрочитајте кои 6 правила на кралското семејство биле променети од принцезата Дијана.