ТВ серија: Шегување (Kidding)

ТВ серија: Шегување (Kidding)

Џеф, позната детска телевизиска икона, се обидува да ја задржи својата нормалност додека неговото семејство целосно се распаѓа

Главни улоги: Џим Кери, Френк Лангела, Кетрин Кинер

Жанр: драма, комедија

Креатор: Дејв Холстин

Премиера: 31 август 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 8,00 од 10)
Loading...

 

Ако сте љубители на Џим Кери, тогаш имаме огромно изненадување за вас! Тој конечно, по скоро 2 декади, се враќа на малите екрани. Станува збор за ТВ серијата „Kidding“, каде што тој ја толкува улогата на Џеф Пиклс, детска ТВ ѕвезда. Господин Пиклс е толку популарен, што слободно може да се каже дека преку својата емисија, тој ги одгледал сите деца во Америка. И тоа воопшто не е чудно, затоа што тој е мила личност, секогаш расположена да помогне и да ве расположи, и ги обожава децата повеќе од сè на светот. Неговите епизоди и песни се незаборавни, а истовремено и поучни, учејќи ги децата како да се справуваат со своето растење…

Но, нештата одеднаш ќе се променат откако Џеф ќе го изгуби својот син во сообраќајна несреќа. Иако тој е приморан да продолжи со својот живот како ништо да не се случило, за да ја одржи својата репутацијата на телевизија, неговата сопруга ќе го избрка од дома бидејќи смета дека не се справува добро со загубата, а другиот син, братот близнак на починатиот, ќе почне бунтовно да се однесува, не грижејќи се за никого освен за себе. Тоа и ќе го натера Џеф да почне да размислува за нова емисија, во којашто ќе зборува со најмалите за смртта. Но, како би можеле да им го објасните крајот на животот на дечињата што уште не ни почнале вистински да живеат?

„Kidding“ е на некој начин трагикомедија, или можеби уште подобро би се опишала со новиот, и сè попопуларен жанр – драмедија (комбинација од драма и комедија). Во оваа ТВ серија, сè се врти околу смртта, но и околу други големи животни и љубовни разочарувања, како неверства, лаги, измами, напуштања и загуби. Па, ако сакате да го гледате брилијантниот перформанс на Џим Кери, кој ни носи нешто сосема ново и свежо на малите екрани, а истовремено и сте по малку опседнати со смртта, тогаш оваа приказна е идеална за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар