Направа напојувана од соларна енергија може да извлекува вода од пустинскиот воздух
Веројатно слушнавте за бруталната суша во Калифорнија која конечно заврши. Но оваа и други држави сè уште се соочени со кризата за недостаток од вода. Секаде низ светот, вклучувајќи ги Индија, Кина и многу други држави, милијарди луѓе страдаат поради недостаток од свежа вода.
Но, замислете си иднина во која не би требало да се грижиме за резервоарите и пресушените бунари. Можеби оваа иднина не е толку далеку благодарение на нова направа напојувана од соларна енергија којашто извлекува вода од воздухот.
Научниците од Институтот за технологија во Масачусетс изградиле „собирач“ на вода кој употребува посебен материјал произведен на Универзитетот во Калифорнија. Прототипот на машината можел да извлече 2,8 литри вода од воздух со влажност од само 20 до 30% во период од 12 часа. Другите слични направи имале потреба од повисока влажност на воздухот за да го направат истото.
Овој собирач е толку ефикасен поради неговите кристали. Материјалот наречен метално-органска рамка е направен од металот циркониум и адипинска киселина. Неговата цврста структура е одлична за складирање гасови и течности. Кога воздухот минува низ направата, молекулите вода се прикачуваат на внатрешната површина на структурата. Како што сончевата светлина го загрева материјалот, водата оди во кондензатор кој ја претвора пареата во течност. Направата може да складира 20% од нејзината тежина во вода.
Професорот по хемија и изумителот на овој материјал, Омар Јагхи, ја нарекол направата вистинско откритие.
„Нема друг начин да се направи тоа освен со користење повеќе енергија. Електричниот собирач на вода произведува навистина скапа вода.“
Омар се надева дека направата во иднина ќе може да собира доволно вода така што домаќинствата нема да имаат потреба од цевки и водовод.
Погледнете ги и овие интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес.