Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Скорпија

Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Скорпија

Бикот е спротивниот знак на Скорпијата во Зодијакот. Овие двајца во комбинација можат да создадат моќ, пари и фамилија. Еден мал флерт помеѓу нив може да доведе до сериозна врска, па дури и до брак.

Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Скорпија

Во оваа врска постои голема физичка привлечност и многу сензуалност. За Бикот посесивноста на Скорпијата е многу атрактивна. Скорпијата од Бикот секогаш бара лојалност во љубовната врска, а истото го сака и тој. Оваа комбинација е навистина успешна, без разлика дали станува збор за кратка или за долготрајна врска.

Сексот може да ги трансформира претставниците на овие два знака и љубовта ненадејно да ги изненади. Бикот е вистински љубовник, па Скорпијата треба да се потруди овој сензуален знак да не ѝ избега. Затоа најдобро е таа да не брза со сексот, но да побрза со додворувањето. Доколку Бикот дозволи Скорпијата да си замине или обратно, двајцата ќе живеат жалејќи за тоа.

Маж Бик и жена Скорпија

Ова е многу моќна љубовна двојка. Всушност, кога жена родена во знакот Скорпија е во врска со маж Бик, таа конечно го сретнала идеалниот партнер за нејзе во секоја смисла на зборот. Жените родени во знакот Скорпија навлегуваат во суштината на работите и сакаат да го откријат сето она што е сокриено под површината, додека машките Бикови се практични луѓе. Тие се интуитивно поврзани затоа што таа поседува „шесто сетило“, додека тој е мајстор на сите физички сетила.

Кога станува збор за сексот, мажот роден во знакот Бик, знае да ја распали страста во Скорпијата, а таа ужива во неговото смирено мајсторство за време на водењето љубов. Двајцата подлегнуваат на неизбежното душевно поврзување за време на сексот.

Жена Бик и маж Скорпија

Оваа комбинација е многу моќна и полна со страст. Жената родена во знакот Бик има потреба да биде сексуално задоволена, па токму затоа со машката Скорпија не само што ќе ужива во сексот, туку тој и спиритуално ќе ја трансформира преку нивното водење љубов. Кога жената Бик е во врска со маж Скорпија, обата знака ќе ја чувствуваат интуитивната конекција. Бикот има доминација над физичките сетила, додека Скорпијата има „шесто сетило“. Благодарение на ова, тие ќе се надополнуваат еден со друг, преку душата, умот и телото.

Ова може да биде страсна, посесивна и интересна љубовна врска. Таа ја цени неговата реална убеденост за работите и кога нема цврст доказ, а тој ја обожува нејзината флексибилност, практичност и инстинкт да изгради нешто трајно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар