Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Девица
И двата знака делат неверојатна способност за комуникација и меѓусебно разбирање. Нивните разговори со тек на време ќе се подобруваат, а истото ќе се случува и со нивната врска. Тие меѓусебно ќе си ги разбираат нивните цели и надежи за иднината. Постои некаква магична конекција помеѓу нив и откако ќе ја воспостават, тешко дека ќе може да се скрши. Сексапилниот Бик дефинитивно треба да ја задржи Девицата покрај себе. Тие инстинктивно ќе успеваат да ги задоволат нивните сексуални потреби и желби.
Оваа комбинација е одлична и за секс и за љубов. Бикот не смее да си игра умствени игри со Девицата или ќе мора скапо да плати за нив. Прогнозата за долгогодишна врска помеѓу нив е одлична, иако понекогаш роднините можат да им создаваат проблеми. Затоа, тие треба да се фокусираат на меѓусебно помагање и на тој начин ќе си обезбедат сопатник за цел живот.
Маж Бик и жена Девица
Жената Девица ќе се грижи за сите детали од нивната врска уште од првиот состанок, а машкиот Бик ќе ѝ овозможи доволно финансиски ресурси, за таа да може успешно да ги реализира своите планови. Таа е комуникативна, додека пак тој честопати е тивок. Сепак, помеѓу нив постои силна поврзаност, која ги надминува зборовите и поради тоа таа лесно знае што сака нејзиниот маж.
Оваа нивна конекција, одлично функционира и за време на сексот. Таа е перфекционист во секоја смисла на зборот, вклучително и во сексуална. Бикот повеќе се интересира за уживање во физичките задоволства, отколку што се грижи за погодување на соодветната формула за Девицата која би довела до жежок секс. Но, сепак тие мистериозно се поврзуваат со своите тела и успеваат да уживаат во моментот.
Жена Бик и маж Девица
Жената Бик инстантно ќе биде привлечена од интелектуалноста и присебноста на мажот Девица, додека пак тој ќе ја обожава нејзината практичност и лојалност. Ова е одлична љубовна комбинација од многу аспекти.
Во сексот, овие двајца ќе бидат нескротливи. Нејзината сензуалност се спојува со неговото внимание за детали, па ништо нема да остане запоставено во нивната потрага по сексуално задоволство. Можеби нема да постои „огномет“ во оваа врска, но таа има потенцијал да трае со години. Жената Бик ќе го научи мажот роден во знакот Девица повеќе да си верува на своите чувства, а тој ќе ѝ покаже дека треба повеќе да се слуша себеси.