Одберете една од овие слики и добијте ја вашата порака за овој викенд
Позитивниот став може да биде одлична мотивација за промена. Зарем постои некои што не би сакал да смени нешто во својот живот? Ако сакате да знаете што ќе ви се случи во блиска иднина и како можете тоа знаење да го искористите во ваша предност, едноставно направете го овој тест. Внимателно погледнете ги картите, дозволете ѝ на интуицијата да ве води и изберете ја онаа што најмногу ќе ви се допадне. Токму таа карта ви носи инспиративна порака што ќе ви го промени животот.
1. Порака за сила
Јасно е дека не можеме да ја одбереме секоја ситуација што ни се случува во животот, но тоа што можеме да го избереме е начинот на кој ќе реагираме. Постојат чувства што ве ограничуваат, како лутината, очајот или болката, но постојат и чувства што ве полнат со добрина, како оптимизмот, љубовта и вербата. Овие нешта ве прават подобра личност и ве тераат постојано да се движите напред.
Чувствата со кои сакате да живеете и ставовите што ги заземате за настаните во вашиот живот се само ваши и никогаш не заборавајте дека го привлекувате токму тоа што сте. Ако љубите, ќе привлечете љубов, ако сте среќни, ќе привлечете среќа. Ако сакате да се опкружите со добрини едноставно наполнете го својот ум со позитивност и веднаш ќе забележите разлика.
2. Порака за љубов
Како се чувствувате во моментов? А како би сакале да се чувствувате? Вашиот ум е како големо филмско платно на кое ги проектирате своите мисли. Навистина е чудесно како тие мисли успеваат да најдат начин да се манифестираат и во реалноста. Затоа и ако ви се позитивни, добри работи ќе ви се случуваат, а ако се негативни, ќе се најдете во лоши ситуации.
Истото важи и за љубовта. Ако сакате да ги смените нештата на овој план, едноставно гледајте на љубовта со целата позитивност на вашето срце, и ќе почнете да гледате како истото ви се случува и во реалниот живот. Колку попозитивно размислувате за неа, толку попријатни чувства ќе имате. Овој едноставен чин има моќ да го трансформира целиот ваш свет.
3. Порака за промена
Оваа порака доаѓа во вашиот живот со цел да ве потсети дека треба секојдневно да избирате да бидете среќни, без разлика на тоа што ви се случува. Треба да сфатите дека иако постојат ситуации што дефинитивно не можете да ги промените, сепак има милион можности на кои можете да го смените целиот ваш живот.
Време е да бидете среќни, а тоа ќе го постигнете само ако го промените начинот на кој го гледате светот околу вас. Да, секогаш ќе постојат разочарувања, таги и кризи, но вие мора да најдете начин да се справувате со овие нешта и едноставно да ги оставите зад себе кога ќе поминат. Искористете го најдоброто од лошите ситуации и сè ќе биде во ред.