КАФЕ ПАУЗА

20-те најдобри природни диуретици: Овие намирници го исфрлаат вишокот течности од телото и го намалуваат крвниот притисок

20-те најдобри природни диуретици: Овие намирници го исфрлаат вишокот течности од телото и го намалуваат крвниот притисок

Вишокот вода во телото предизвикува непријатнa подуеност, оток на нозете и хипертензија. Ако сакате да се ослободите од овие проблеми, јадете храна што има диуретично дејство. Овие намирници ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот течност од телото, ќе го забрзаат процесот на слабеење и ќе ви го намалат високиот крвен притисок.rnrn20-те најдобри природни диуретици: Овие намирнци го исфрлаат вишокот течности од телото и го намалуваат крвниот притисокrn

1. Овес

rnОваа храна е една од врвните намирници за губење на вишокот килограми. Овесната каша ќе ви помогне да се ослободите од вишокот течности од вашето тело.rn

2. Лимон

rnНе само што ќе го подобри вкусот на обичната вода, туку сокот од лимон може да помогне и при висок крвен притисок и други здравствени проблеми.rn

3. Прокељ

rnИако веројатно за многумина не е на врвот на листата со омилена храна, прокељот е исклучително здрав и корисен во борбата против вишокот килограми.rn

4. Целер

rnОвој зеленчук содржи многу течности, па затоа има корисен ефект врз работата на бубрезите и помага во исфрлањето на токсините од организмот.rn

5. Ѓумбир

rnНавистина е тешко да се наведат сите здравствени придобивки на ова растение со препознатлива арома. Меѓу другото, ѓумбирот помага во исфрлањето течности од организмот и го зајакнува имунитетот.rn

6. Јаболков оцет

rnОва е уште една намирница што секогаш ја имате во кујната, многу е здрава и има многу корисна намена, како во одржување на здравјето, така и во одржување на домаќинството. Јаболковиот оцет го стимулира телото да се исчисти и да се ослободи од вишокот течности.rn

7. Цвекло

rnОвој зеленчук е одличен диуретик, а содржи и антиоксиданти кои го штитат организмот од штетните ефекти на слободните радикали.rn

8. Зелка

rnУште еден диуретик што можете да го јадете на многу начини. Зелката ќе ви обезбеди значителни количини лековити материи.rn

9. Сок од брусница

rnОвие вкусни бобинки се одлични за здравјето на уринарниот тракт, помагаат при работата на бубрези и дејствуваат како природен диуретик.rn

10. Магдонос

rnОваа храна е одличен начин за чистење на организмот од штетни материи и за зајакнување на имунитетот.rn

11. Пијалаци со кофеин

rnКафето, чајот и другите пијалаци кои содржат кофеин се одлични диуретици, важно е само да се консумираат во умерени количини.rn

12. Модар патлиџан

rnАко ги збогатите оброците со модар патлиџан, ќе му помогнете на вашето тело да се ослободи од вишокот течности.rn

13. Домат

rnДоматот е моќен диуретик и ќе ви помогне да се ослободите од надуеноста.rn

14. Лубеница

rnЛубеницата е еден од најдобрите начини да се ослободите од вишокот течности и да го забрзате процесот на слабеење.rn

15. Вода

rnАко редовно внесувате течности во вашето тело, метаболизмот ќе ви биде побрз и полесно ќе се ослободите од надуеноста.rn

16. Краставица

rnОвој зеленчук, исто како лубеницата, е составен главно од вода и затоа е пожелно да го има на вашата трпеза колку што е можно почесто.rn

17. Лук

rnОваа храна го чисти организмот на многу начини и затоа не заборавајте да ја вклучите во вашето мени.rn

18. Моркови

rnИако се познати главно по својот позитивен ефект врз вашиот вид, морковите се исто така одличен диуретик.rn

19. Аспарагус

rnНе само што е богат со хранливи материи, туку аспарагусот е и одличен диуретик.rn

20. Артичок

rnОваа храна е на самиот врв на листата на намирници со силно диуретично дејство.rnrnПогледнете кои намирници ги менуваат состојките во различни услови.