Дали ви се случило да доживеете дежа ву додека прелистувате низ фотографиите на Инстаграм? Постои причина за ова. Insta Repeat е профил на Инстаграм посветен на истакнување на визуелната сличност на многу фотографии на Инстаграм.
Сопственичката на профилот е анонимна, има 27 години и е од Алјаска. Таа изјавила дека целта на овој профил е да ја критикува оригиналноста на фотографиите на профилите на Инстаграм.
Бидејќи живее во Алјаска, место со многу див свет, оваа девојка била вчудовидена кога забележала колку места се фотографирани на ист начин, и тоа многу пати. Изгледа дека навистина ѝ се допаѓа иронијата на овие фотографии кои најчесто се тагирани со зборови како „автентичност“ и „креативно живеење“.
Додека многу луѓе веруваат дека се посебни, тие знајно или незнајно следат формула која е докажана безброј пати пред нив.
Девојката добила многу негативни коментари за овој проект, но изјавила дека целта не ѝ е да критикува или да понижува некој, туку само сакала да истражи зошто некој би избрал да направи фотографија која на некој начин веќе била направена.
Продолжува на следната страница…

