4 знаци дека вашиот хроничен стрес е предизвикан од исцрпеност на надбубрежните жлезди

4 знаци дека вашиот хроничен стрес е предизвикан од исцрпеност на надбубрежните жлезди

Дали ви се чини како да нема крај на истоштеноста што ја чувствувате и како постојано да живеете во стрес? Можеби причината не е вашиот животен стил или работата, туку нешто сосема друго. Следуваат 4-те знаци што укажуваат на фактот дека вашиот хроничен стрес и истоштеност можеби се симптоми за синдромот познат како исцрпеност на надбубрежните жлезди.

1. Не можете да заспиете дури и кога сте преморени

И покрај тоа што постојано се чувствувате уморно, вие едноставно не можете да заспиете (и да останете заспани во текот на целата ноќ). Без разлика дали ве напаѓаат бранови со мисли или целото тело ви делува како да е полно со адреналин, вие едноставно не можете да се опуштите доволно за да го добиете одморот што на вашето тело очајно му треба.

2. Имунитетот ви е опаднат

Дали ви изгледа како постојано да се борите со настинки? Целата емотивна и ментална замореност што ја чувствувате, во комбинација со намалениот сон, може да предизвика хаос во вашиот имунитет, правејќи ве многу полесни за разболување.

3. Имате потреба за солена храна

Вашите надбубрежни жлезди ги создаваат стероидот познат како алдостерон. Неговата задача е да помогне при регулацијата на натриум во вашето тело. Па, ако постојано имате потреба за солена храна, тоа може да значи дека имате ниско ниво на натриум во телото како резултат од исцрпеност на надбубрежните жлезди.

4. Се исклучувате кога сте преплавени со емоции или обврски

Ако постојано сте под стрес и истоштени, тогаш, во даден момент, вашите ум и тело може да кажат „Доста е!“ Како резултат, вие можете едноставно да се исклучите наместо да се справувате со стресот и да станете одвоени или да не можете да реагирате.

Стресот е константа во животот, но ако вашиот хроничен стрес предизвикува симптоми на исцрпеност на надбубрежните жлезди, време е да преземете нешто! Во меѓувреме, дознајте ги и 5-те скриени начини на кои анксиозноста го разболува вашето тело!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар