КАФЕ ПАУЗА

5 скриени начини на кои анксиозноста го разболува вашето тело

Кога луѓето не ги разбираат несаканите последици од анксиозноста, често знаат да кажат „Сè ти е во главата.“ Можеби намерата на овие луѓе е добра, и можеби тие навистина се во право, но ако кажете некому дека проблемот е во неговата глава нема воопшто да му помогнете. Баш напротив, можеби дури и да ја влошите ситуацијата. Па, за да разберете точно што се случува во телото на оние што страдаат од нарушување на анксиозноста, прочитајте ги следниве скриени начини на кои оваа состојба навистина го разболува телото.rnrnrn

1. Постојано сте болни

rnАнксиозноста го намалува вашиот имунитет. Па, ако сте анксиозни по природа, големи се шансите дека сте и постојано болни. Ова не е случајност. Со оглед на тоа што телото ви е постојано во „бори се или бегај“ поставка, вие искусувате неизмерна количина на стрес секојдневно, па затоа и страдате здравствено.rn

2. Страдате од сува уста и проблеми со киселини во желудникот

rnКога сте анксиозни и под стрес, вашето тело создава повеќе киселини. Ова води до создавање трајни проблеми со желудникот, кои порано или подоцна ќе почнат да ја сушат вашата устата.rn

3. Губите апетит

rnСигурно сте забележале дека кога сте нервозни, немате апетит. Тоа се случува затоа што вашето тело е заглавено во поставката „бори се или бегај“. Едноставно не е нормално да застанете и да јадете во ситуации кога животот ви е опасност, а со оглед на тоа што анксиозност тело размислува така, вие автоматски го губите и апетитот и почнувате да слабеете без контрола.rn

4. Искусувате болки во градите

rnВие немате срцев удар кога искусувате напад на паника, но чувството е исто. Тоа е затоа што кога сте анксиозни, вие го менувате начинот на кој дишете (вашето тело се подготвува да почне да трча за да избега од нешто). Овие нагли промени во нивото на кислородот можат да доведат до проблеми со дишење и болки во градите кои многумина ги поврзуваат со анксиозноста.rn

5. Се чувствувате како да ќе повратите

rnКога сте анксиозни, тоа испраќа цел бран од различни хормони низ вашето тело. Еден од овие хормони е адреналинот што брзо го менува начинот на кој различни системи во вашето тело си работат. Еден од тие системи е гастроинтестиналниот, па ако сте сосема здрави, а имате чувство како да ќе се онесвестите или како да ќе повратите, тогаш дефинитивно имате проблем со анксиозноста.rnrnПрочитајте ги и овие начини на кои анксиозноста влијае на вашето физичко здравје…