Скриените таленти на дел од најпознатите ѕвезди

Сподели

Тие постојано ни ги освојуваат срцата кога се појавуваат на музичката сцена или на телевизиските екрани, но изгледа дека на нивните таленти им нема крај. Погледнете некои од скриените вештини на нашите омилени ѕвезди…rn

Реклама

Џастин Бибер

rnТоа што има извајано тело не значи и дека нема мозок. Омилениот русокос дечко на младите генерации успеал да склопи Рубикова коцка во живо за само 84 секунди.rn

Кристина Хендрикс

rnЅвездата на ТВ серијата „Mad Men“ го поминува слободното време свирејќи хармоника и тврди дека од кога знае за себе била опседната со овој инструмент.rn

Колин Фарел

rnИрскиот актер пред да се прослави во Холивуд бил професионален кантри пејач. Хм, признајте дека веќе го замисливте со шешир и каубојски чизми!rn

Мајли Сајрус

rnПостои причина зошто таа толку добро тверка – младата пејачка била една од најдобрите мажоретки во училиште.rn

Хали Бери

rnПокрај глумата, прекрасната Хали поседува и талент за свирење на флејта. Ете кој ќе ја добие улогата во првиот биографски филм за позната флејтистка!rn

Руперт Гринт

rnНајдобриот пријател на Хари Потер професионално се занимава со возење велосипед на едно тркало, а исто така умее да свири и на диџеридуто – австралиски дувачки инструмент. Зарем постои нешто што тој не може?rn

Ребел Вилсон

rnПокрај својот фантастичен хумор, оваа комедијантка ќе ве воодушеви и со нунчаки!rn

Аманда Сејфрид

rnЗа оваа актерка нема подобар начин да се опушти по тешкиот ден со чаша вино и плетење. Таа ги зема бабините игли и создава магија со нив.rn

Тејлор Лаутнер

rnКога станува збор за нашиот омилен врколак, следниот факт и не е толку изненадувачки – Тејлор поседува црн појас од карате!rn

Тејлор Свифт

rnЗабавата можеби почнува кога таа ќе се појави на сцена, но кога ќе се симне од неа пријателите најмногу уживаат во нејзините домашно подготвени џемови.

Дознајте и кои познати личности ја започнале својата кариера во филмови за возрасни!

Популарно

Може ќе ве интересира