9 женски физички карактеристики по кои мажите полудуваат

9 женски физички карактеристики по кои мажите полудуваат

Ако прашате некој маж кое е првото нешто што го забележува кај изгледот на жената, најверојатно ќе добиете одговор како гради, колкови или насмевка. Всушност, навиката за размислување за големи гради е стереотип. Другите делови од женскиот изглед повеќе го привлекуваат вниманието на мажите, а ова е докажано и со многу истражувања. Покрај тоа привлечноста не доаѓа само едно една површна перцепција, туку од длабок биолошки процес. Па кои се карактеристиките на кои мажите не можат да им одолеат?

1. Долга коса

9 женски физички карактеристики по кои мажите полудуваат

Според едно истражување, мажите преферираат жени со долга, густа и сјајна коса. Изгледа дека потсвесно ова им е знак за добро здравје, витална енергија, па дури и знак за плодност. Еден од индикаторите на добро здравје е физичката привлечност, додека другиот е косата. Па, размислете подобро пред да ја скратите косата. Се разбира, треба да бидете свои и да носите кратка коса доколку така сакате. Во секое правило има исклучоци.

2. Посебен мирис

9 женски физички карактеристики по кои мажите полудуваат

Повеќето од нас имаат слушнато за феромони – хемиски сигнали емитувани од нашето тело. Но малкумина би погодиле дека тие се потсвесно употребувани од луѓето со цел да се одреди генетски најкомпатибилниот партнер. Истражувањата покажале дека ферoмоните откриваат разни информации за една личност, вклучувајќи и информации за здравјето и имунитетот. Поради тоа мажите можат да ги одредат жените со најсилен имунитет со помош на сетилото за мирис. Важи и спротивното – жените можат да го одредат нивото на тестостерон во мажите според ферoмоните. Сите овие вештини се потребни за создавање здраво потомство во иднина.

3. Симетрија на лицето

9 женски физички карактеристики по кои мажите полудуваат

Симетријата на лицето е од голема важност во одредувањето на привлечноста на една жена. Дури може да се пресмета со неколку трикови. Мажите потсвесно обрнуваат внимание на овие лични карактеристики бидејќи тие се знак за добри гени. Асиметријата од друга страна е поврзана со лошо здравје, лоши гени, па дури и абнормалности во репродуктивните органи. Дури и дивите животни обрнуваат внимание на симетријата.

4. Боја на забите

9 женски физички карактеристики по кои мажите полудуваат

Истражувањата покажале дека состојбата на забите на жените има големо влијание кај мажите. Најмногу бидејќи забите даваат слика за останатата репродуктивна вредност, без разлика на годините. За среќа постојат многу методи да ги излечите и да ги избелите вашите заби, но не треба да претерате ни со ова. Истражувањата покажале и дека природно белите заби се исто колку привлечни колку и таканаречената холивудска насмевка. Најважно е да не им дозволите на забите да пожолтат.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар