Здравата исхрана не е само добра за струкот и за имунитетот, туку може да има и неверојатно влијание врз „пеглањето“ на брчките и сјајот на косата.rnrn
rn
1. Лубеница
rnЛетната миленичка, лубеницата, е полна со антиоксиданси кои ѝ ја даваат нејзината црвена боја. Тие состојки ѝ помагаат на кожата да им се спротивстави на штетните УВ-зраци. Лубеницата содржи околу 40% повеќе антиоксиданси отколку доматот и затоа е корисна за оние кои сакаат да излегуваат на сонце.rn
2 Калинка
rnЗрната на калинката се полни со антиоксиданси и витамин Ц кои ги спречуваат брчките и сувоста на кожата. Ова овошје во себе, исто така, содржи хемиски соединенија кои го засилуваат создавањето на колаген, кој на кожата ѝ дава поцврст изглед и киселина, која ги намалува воспаленијата предизвикани од УВ-зрачењето.rn
3. Боровинка
rnБоровинките ќе ви пружат витамини Ц и Е кои ќе ви помогнат во осветлувањето на кожата и изедначувањето на нејзината боја.rnrn
rn
4. Јастог
rnЈастозите се полни со цинк и имаат разни противвоспалителни својства. Тоа помага при каков било проблем со кожата, па дури и со акните. Цинкот го забрзува обновувањето на кожата.rn
5. Кељ
rnКељот е полн со витамин К кој помага во згуснувањето на крвта како и железо кое ни дава здрава боја на кожата.rn
6. Јајце
rnНашите нокти се составени од протеини, па може да станат меки доколку не ги внесуваме во нашето тело. Јајцето е добар извор на биотин – витамин кој ги метаболизира аминокселините (главната состојка на протеините).rnrn