10 работи коишто треба да избегнувате да ги правите, ако сакате да одите поретко на доктор
Доколку ги прашате луѓето кои нивни навики ги сметаат за најштетни, веројатно ќе го споменат пушењето цигари, преголемата консумација на алкохол, јадењето брза храна и прекумерното седење на стол. Точно е дека сите овие нешта се многу штетни, меѓутоа во секојдневниот живот правиме и други работи коишто можат негативно да се одразат на нашето здравје. Прочитајте ги овие 10 секојдневни навики кои навидум изгледаат безопасно, но штетно му влијаат на вашето тело.
1. Пиете пијалак директно од лименка
Многу луѓе обожаваат да пијат пијалаци директно од лименките, но само замислете каде сè била таа лименка пред вие да ја купите. На капакот има милиони бактерии и микроби, коишто може да предизвикаат појава на херпеси на усните и лошо варење на храната. Поради тоа, експертите препорачуваат да го сипете пијалакот од лименката во чаша или да пиете директно од неа, но со цевка.
2. Ја ставате чантата на стол или на кревет
Жените, кога си доаѓаат дома ја спуштаат нивната чанта на стол или на кревет. Потоа, се пресоблекуваат, ги мијат рацете и седат на истото место, каде што претходно седела нивната чанта. Оваа безгрижност, може да доведе до појава на рани и други непријатни проблеми. Најопасни се кожните чанти, бидејќи нивната текстура овозможува совршени услови за развој на бактерии.
3. Носите вратоврска секој ден
Американските истражувачи тврдат дека доколку ја носите вратоврската многу затегнато, ја притискате вратната жила, што од своја страна го зголемува притисокот врз очните јаболка. Како резултат на тоа, може да дојде до појава на глауком и слепило. Исто така, откриено е дека мажите не ги перат доволно често нивните вратоврски, што значи дека на нив веројатно има голем број опасни бактерии.
4. Пиете кафе од пластични чаши
Во денешно време, може да купите вкусно кафе речиси секаде. Но, проблемот е во тоа што во пластиката ја има штетната супстанца Бисфенол А, а количеството коешто влегува во вашето кафе, зависи од температурата на пластичната чаша. Тоа значи дека, колку е пожешко кафето во пластичната чаша, толку повеќе Бисфенол А ќе испиете. Овој хемиски агенс влијае врз растот на нашите клетки, нивото на енергија, концентрацијата и репродуктивните функции. Секако, ова не значи дека треба да престанете да пиете кафе ако сакате да родите здрави деца, едноставно треба да купите термос за кафе којшто не содржи Бисфенол А и ќе бидете безбедни.
5. Одбирате „здрава“ салата наместо бургер
Постојат многу видови салати и некои од нив навистина не се здрави и содржат штетни состојки, како што се тешките преливи од мајонез, компири и туршија. Тоа значи, дека ако се мислите што да одберете помеѓу, на пример руска салата и пилешки бургер, препорачливо е да го изберете второто. Квалитетните бургери содржат само свеж зеленчук и прилично здраво месо. Ако сакате да ги избегнете посетите на нутриционист, од вашата исхрана исклучете ги салатите коишто ги содржат следниве три состојки: сирење, месо и тешки сосови.
Продолжува на следната страница…