10 работи коишто треба да избегнувате да ги правите, ако сакате да одите поретко на доктор - Part 2

10 работи коишто треба да избегнувате да ги правите, ако сакате да одите поретко на доктор

6. Сами ги завршувате домашните обврски

10 работи коишто треба да избегнувате да ги правите ако сакате да одите поретко на доктор

Американските доктори откриле дека секојдневните домашни обврски и чистењето може да предизвикаат појава на висок крвен притисок. Проблемот се состои во тоа што премногу се грижиме за сите обврски коишто треба да ги завршиме, вознемирени сме бидејќи семејството не ни помага околу нив и стануваме гневни бидејќи сè мораме да завршиме сами. Пред да појдете во аптека по апчиња за да се справите со високиот крвен притисок, пробајте да сфатите колку време и напор трошите на домашните обврски и договорете се како да ги поделите со другите членови од вашето семејство.

7. За секој здравствен проблем барате помош од д-р Гугл

10 работи коишто треба да избегнувате да ги правите ако сакате да одите поретко на доктор

Според направените истражувања, 80% од интернет корисниците пробуваат сами да се дијагностицираат, по пат на Интернет пребарување. Вистината е дека Интернетот не е најверодостојниот извор на информации. Понекогаш, луѓето губат премногу од нивното скапоцено време, обидувајќи се да дознаат што им се случува со здравјето, наместо да посетат доктор. Некои луѓе дури се претвораат во хипохондрици откако ќе истражуваат на Гугл и почнуваат да веруваат дека симптомите коишто ги имаат, се знаци на некоја сериозна болест.

8. Го заменувате шеќерот со вештачки засладувачи

10 работи коишто треба да избегнувате да ги правите ако сакате да одите поретко на доктор

Диеталната Кока кола никако не може да биде дел од здрав животен стил. Луѓето коишто ги следат овој вид „диети“ најчесто страдаат од прекумерна тежина, дијабет и срцеви болести. Научниците сметаат дека повеќето супститути на шеќерот се подеднакво штетни како и самиот шеќер, а тоа особено се однесува на оние коишто содржат аспартам, сахарин, сукралоза и калиум ацесулфам. Тоа значи дека ако сакате да јадете здраво треба да одберете природни извори на здрав шеќер, како што е стевијата.

Стевијата е многу поблага од сахарозата. За разлика од обичниот шеќер, стевијата го снабдува нашиот организам со јаглени хидрати и витамини и е најнискокалоричниот природен засладувач што постои.

9. Неправилно дишете

10 работи коишто треба да избегнувате да ги правите ако сакате да одите поретко на доктор

Постојат над 25 техники на дишење. Бебињата најчесто дишат правилно, а возрасните не само што го прават тоа сосема погрешно, туку може и значително да им наштети на здравјето. Возрасните луѓе, најчесто дишат преку градите, што не овозможува кислородот да достигне до долниот дел од белите дробови.

Доколку во нашиот крвоток не влегува доволно количество кислород, телото нема да согорува доволно маснотии, што значи дека нема да можете да се ослободите од вишокот килограми. Воедно, недостатокот на воздух негативно влијае и на работењето на кардиоваскуларниот систем. Во овој случај, крвта не се збогатува со доволно хранливи материи и телото започнува да акумулира токсини.

Најдобро е стомачното дишење во коешто треба да правите паузи помеѓу вдишувањата и издишувањата.

10. Го користите тоалетот на погрешен начин

Науката има откриено дека седењето на ВЦ шолја е штетно за нас. За човековата физиологија, поправилно е да клечите бидејќи на тој начин не треба да се напрегате многу, а тоа помага да се намали ризикот од појава на дивертикулоза и хемороиди.

Не е лесно да се следи ова правило во модерниот свет, но постои алтернатива: поставете ги стапалата на мала клупа, при што аголот помеѓу вашето тело и колковите ќе биде 30 степени. Исто така, немојте да заборавите дека не треба да поминувате премногу време седејќи на ВЦ шолјата, сурфајќи на вашиот мобилен телефон или работејќи на лаптопот, бидејќи тоа не е здраво за вашето тело.

Можете да ве интересираат и овие 10 факти за човечкото тело кои ги шокираат дури и докторите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар