Подвижни паркови на улиците во Јапонија
Камиончето Кеи, или накратко, кеи-тора, се мали, но практични возила што настанале во Јапонија. И покрај тоа што тие се користат насекаде низ Азија, како и ширум светот, најчесто можат да се забележат на улиците во Јапонија како мали подвижни паркови. Тие почнале да се користат како платно за градинарски натпревари.
Станува збор за годишен настан во кој се натпреваруваат голем број градинарски изведувачи од Јапонија така што ги носат своите мини камиончиња на сцената и минуваат неколку саати трансформирајќи ги во градина. Погледнете само колку магични дизајни излегуваат – едноставно не можете да одлучите кое е најубаво!