КАФЕ ПАУЗА

Сонцето во малку поинакво издание

Сонцето во малку поинакво издание

Written by

in

Ова е поглед на Сонцето какво што досега никогаш не сме го виделе. Овие восхитувачки фотографии ни го прикажуваат внатрешното вриење на нашата ѕвезда на таков начин што човечкото око не би можел да го забележи. Сателитот на Сончевата Динамична Опсерваторија на NASA (SDO) направил слики кои ја покажуваат енергијата што ја ослободува Сонцето во вид на бранови должини, како X-зраци и ултравиолетова светлина. Тоа помогнало за добивање многу нови сознанија за начинот на функционирање на Сонцето.rnrn

Сонцето во малку поинакво издание
Овие X-зраци и УВ-светлината им помогнале на научниците да го разберат начинот на кој функционира Сонцето.
rnrnЧистината на сликите од SDO-сателитот укажува на тоа дека во NASA ќе пристигнат многу покорисни податоци за разлика од кое било друго вселенско летало. Овој сателит секој ден испраќа околу 1,5 терабајти податоци што е еднакво на 500.000 песни на вашиот мп3 плеер.rnrn
Сонцето во малку поинакво издание
Сателитот има произведено чудесни слики од Сонцето, набрзо по неговото лансирање во февруари, 2010 година.
rnrnНекои слики покажуваат и работи кои никогаш досега не биле видени, детали за сончевиот материјал кој струи околу Сонцето, како и приказ одблизу на активностите кои се одвиваат на неговата  површина.rnrn
Сонцето во малку поинакво издание
Сонцето сликано во екстремно голем ултравиолетов спектрум – светлина која е невидлива за човековото око, но која го предизвикува потемнувањето на кожата при сончање
rnrnСателитот бил лансиран во февруари, 2010 година. Неговиот главен научник Дин Песнел, пренесува дека податоците кои NASA ги добива од него ги реобликуваат и менуваат теориите за начинот на кој функционира нашата ѕвезда, но и овозможуваат да се набљудуваат скорешните бурни активности кои се одвиваат на неговата површина.rnrn
Сонцето во малку поинакво издание
Сонцето сликано во екстремно голем ултравиолетов спектар на бои. Светлите делови се предели на Сонцето со изразена активност кои можат да предизвикаат сончеви бури.
rnrnВо текот на 5-годишната мисија, овој сателит ќе собере доволно информации за магнетното поле на Сонцето и неговата улога во климатските промени на Земјата. Исто така, ќе се детерминира улогата на магнетното после на Сонцето во создавањето на силните соларни, деструктивни појави како соларните ветрови.rnrn
Сонцето во малку поинакво издание
Сателитот ќе им помогне на научниците во проучувањето на штетата која може да ја предизвика соларната светлина врз работата на комуникациските сателити и напојувањето со енергија.
rnrn
Сонцето во малку поинакво издание
NASA објавува дневни фотографии и видеа од движењето на Сонцето
rnrnСончевата Динамична Опсерваторија на NASA е лансирана од Кејп Канаверал во Флорида, Америка. Во текот на 5-годишната мисија, се проценува дека ќе се потрошат околу 855 милиони долари за одржување на неговата активност. Ова вселенско летало, орбитира околу Земјата на околу 35.405 км, сончевите панели се големи 6,4 метри и продуцираат струја со јачина од 1.450 вати.rnrn
Сонцето во малку поинакво издание
Во текот на 5-годишната мисија на сателитот, тој ќе собере доволно информации за магнетното поле на Сонцето и неговото влијание врз климатските промени на Земјата.
rnrnИнструментите кои се наоѓаат во сателитот се дополнително заштитени од радијација, бидејќи тој се наоѓа надвор од радијацискиот појас на Земјата, каде што има високо ниво на зрачење.rnrn
Сонцето во малку поинакво издание
Комбинација од три бранови должини на светлина во една слика – од X-зраци до УВ-зраци… Светлиот прстен ги прикажува местата со големо магнетно зрачење.
rnrnОва летало има три инструменти кои се задолжени за фаќање слики од Сонцето со ултрависока резолуција.rnrn
Сонцето во малку поинакво издание
Црните точки се сончеви пеги кои се движат по површината на Сонцето.
rnrnСателитот, исто така, помага во разбирањето на соларниот притисок кој се генерира на неговата површина.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.