Летото е период од годината, во кој сите очекуваме да ни се случи нешто волшебно, возбудливо и романтично. На таквите желби, најверојатно нè поттикнуваат романтичните летни зајдисонца на плажа, спонтаните дружби со пријателите и топлите ноќи поминати под ѕвезденото небо. На повеќето луѓе, летото им е омилено годишно време, исполнето со многу активности на отворено и градење спомени коишто вечно ќе се помнат.rnrn
rnrnСега е сè уште пролет, но сметаме дека не е рано да започнеме да размислуваме за најубавиот период од годината кој започнува на 21 јуни, а завршува на 22 септември. Според астролошкото небо, ова лето ќе ни започне со зголемена потреба од социјализација и поголема грижа и посветување на најблиските. Потоа, ќе започнеме да се фокусираме на нашите лични потреби и ќе работиме на обнова на нашата самодоверба и личните успеси. Во последните денови од летната сезона, ќе се посветиме на нашето сопствено „јас“, сумирање на сите нешта што ни се случиле во текот на целиот период, анализирање на научените лекции и пронаоѓање смисла. Со новите сознанија и промени, ќе ја започнеме есента.rnrnДали сте подготвени да дознаете што го очекува секој хороскопски знак ова лето? Сигурно сте возбудени, па затоа продолжете да читате…rn
Овен
rnНа почетокот од летото, вашиот фокус ќе биде насочен кон домот и семејството. Ќе почувствувате продлабочување на односите со вашите најблиски и ќе имате поголемо меѓусебно разбирање и љубов. Меѓутоа, може да се случи и некои стари, нерешени проблеми да излезат на површина.rnrnКако што летото ќе зема замав, ќе почнете повеќе да се забавувате и да уживате во позитивните вибрации коишто ќе ги чувствувате во воздухот. Може и да посакате да преземете ризик и да заминете на некоја авантура, којашто ќе ја промени вашата перцепција за животот.rnrnПоследните неколку седмици од летото, ќе ја фокусирате вашата енергија кон ефективно завршување на вашите работни обврски и на здравјето. Ова е период, во којшто ќе бидете поорганизирани и сериозно посветени на битните нешта во вашиот живот.rn
Бик
rnЛетото ќе го започнете фокусирајќи се на вашето себеизразување и споделување на вашите мисли и желби со најблиските. И покрај тоа што овие разговори може да ви се предизвикувачки, на крајот ќе ви се исплатат, бидејќи со нивна помош подобро ќе се спознаете себеси.rnrnВо текот на овој период, ќе бидете мотивирани да се посветите на вашиот дом, да поминувате повеќе време со вашето семејство и да го откриете вашиот личен идентитет, во подлабока смисла на зборот.rnrnПрвите месеци од летото ќе бидете посветени на внатрешните мисли и чувства, но последните неколку седмици, ќе почнете да се чувствувате возбудено, спонтано и безгрижно, токму како што треба во топлите денови од годината.rnrn
rn
Близнаци
rnНа почетокот од летото ќе бидете посветени на кариерата и заработувањето повеќе пари. Може да искусите и некои проблеми, кои ќе предизвикаат да го преиспитате начинот на којшто ги перципирате материјалните нешта, како и начинот на којшто ги стекнувате.rnrnНајважното нешто во овој период од годината ќе ви биде комуникацијата, учењето нови работи и размената на идеи. Ќе се чувствувате подготвени да го изразите вашето мислење, да дебатирате и да ги убедувате другите луѓе во вашите ставови.rnrnНа крајот на летото, ќе се посветите на вашето внатрешно „јас“, ќе се релаксирате и ќе поминувате повеќе време со вашето семејство, во домашни услови. Многу денови ќе поминете грижејќи се за луѓето коишто ви се најважни во животот.rn
Рак
rnПочетокот од летото ќе претставува еден вид нов почеток за вас. Ќе бидете полни со самодоверба и ќе бидете инспирирани да ги следите вашите соништа, со сите ваши сили. Во одредени моменти, може да се запрашате кои сте поточно и кои се вашите цели во животот.rnrnСознанијата до коишто ќе дојдете, ќе се пренасочат и во вашиот професионален живот, вашите начини на заработка и заштитата на заработените средства. Честопати, ќе се запрашувате дали работите доволно, дали ја имате избрано вистинската кариера за вас и дали паметно управувате со вашите пари.rnrnДо крајот на летната сезона, ќе го користите вашето работно место за да ги изразите вашите лични идеи и ставови. Исто така, ќе имате желба да учите нови работи, кои поволно ќе се одразат на вашата кариера во иднина.rnrnПрочитајте го летниот хороскоп за преостанатите знаци, на следната страница…rn
