КАФЕ ПАУЗА

Вашиот хороскоп за лето 2018, вели дека е време да ги почувствувате позитивните вибрации

Вашиот хороскоп за лето 2018 вели дека е време да ги почувствувате позитивните вибрации

rn

Лав

rnНа почетокот од летото ќе се чувствувате многу спиритуално и интуитивно. Ќе почувствувате потреба од медитација, со цел да ја прочистите и преструктуирате вашата душа. Патот до личниот мир и хармонија, нема да ви биде лесен, но не престанувајте да се обидувате, бидејќи на крајот ќе се исплати.rnrnНа средината од летото, кај вас ќе биде истакната самодовербата, којашто и онака природно ја имате и ќе си ги ставате вашите потреби на прво место. На моменти, може да се чувствувате како светот да има заговор против вашите вистински потреби. Како и да е, мора да останете цврсти.rnrnЦелата посветеност на вашата самодоверба, позитивно ќе се одрази и на вашата кариера. До крајот на летото, ќе се почувствувате инспирирани да ја насочите енергијата кон сериозна заработка на пари.rn

Девица

rnКако што ќе започне летото, вие ќе бидете привлечени од големи толпи, друштва сочинети од голем број пријатели и потреба од припадност во заедницата. На моменти, може да се чувствувате како да не припаѓате никаде. Ќе ви биде потребно спокојство, а ќе ви изгледа дека каде и да одите, се случува некаква драма. Во текот на овој турбулентен период, ќе дојдете до заклучок кои луѓе треба да останат во вашиот круг на пријатели, а кои не.rnrnКога ќе ви помине фазата на екстровертност и прекумерна социјализација, ќе сакате да се посветите на вашата спиритуална страна и длабоко ќе размислувате за вашите потреби во животот. Во текот на овој период, веројатно ќе откриете многу за себеси и за начинот на којшто сакате да го живеете вашиот живот.rnrnСета оваа преобразба, позитивно ќе се одрази на вашето себеспознавање и во вас ќе се роди силна волја и непробојна самодоверба. На крајот од летото ќе се чувствувате многу моќно и енергично.rnrnВашиот хороскоп за лето 2018 вели дека е време да ги почувствувате позитивните вибрацииrn

Вага

rnНа почетокот од летото, ќе ви биде многу важно каков впечаток им оставате на другите луѓе. Може да мислите дека не го добивате признанието коешто го заслужувате или дека вашите способности поминуваат незабележано од страна на останатите. Овој страв, ќе ве натера да работите понапорно од вообичаено.rnrnПри средината на летото, ќе бидете дел од многу социјални случувања, ќе се зближите со вашите пријатели и ќе присуствувате на секој летен настан, на којшто ќе наидете. Ќе излезете надвор од вашата удобна зона и ќе сакате да формирате нови пријателства.rnrnНа крајот од летната сезона, ќе ви биде доста од забавување и социјализација, па ќе ја фокусирате вашата енергија на прочистување на вашиот дух, длабоко навирајќи во вашата потсвест. Сите одговори ќе се кријат во вашата интуиција.rn

Скорпија

rnНа почетокот од летото, ќе имате потреба да заминете некаде на летување или на авантуристичко патување со голем ранец. Ќе бидете инспирирани да ги раширите крилјата, да ги проширите хоризонтите и да живеете поавантуристички. Овие душевни патувања нема да бидат лесни, но од нив ќе извлечете многу лекции.rnrnКога ќе се вратите назад во реалноста, ќе бидете инспирирани да работите на вашиот имиџ, да ја зајакнете вашата кариера и да се фокусирате на постигнување успеси. Во одредени моменти, може да се чувствувате како да не добивате доволно признанија за вашиот труд, но тоа ќе ве мотивира да се обидувате уште повеќе.rnrnПри крајот од летото, ќе сакате да поминувате повеќе време со одредена група пријатели, со коишто со задоволство ќе ги споделувате вашите лични достигнувања и успеси.rnrnПрочитајте го летниот хороскоп за преостанатите знаци, на следната страница…rn