Речиси секој сака добра детективска приказна каде што полицајците ги истражуваат најчудните случаи. Сигурно како мали сте сонувале дека еден ден и вие да го работите тоа. Овие загатки ќе ви овозможат да се почувствувате како вистински детектив. Дали можете да ги решите сите?rn
1. Убиството на аристократот
rnЏорџ Смит бил убиен во недела навечер. Во неговата куќа имало 5 други луѓе: Сопругата на господин Смит, неговиот личен готвач, слугата, слугинката и градинарот. Сите тие му кажале на детективот Стивенс што правеле таа вечер.rn
- rn011
- Госпоѓа Смит читала книга покрај каминот.
- Готвачот правел појадок.
- Слугата им давал инструкции на мајсторите во дневната соба.
- Слугинката ги миела садовите.
- Градинарот ги наводнувал растенијата во градината.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnВеднаш по разговорот, детективот го уапсил убиецот. Кој бил убиецот и како детективот го знаел тоа?
[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Убиецот е готвачот. Убиството се случило навечер, а тој рекол дека правел појадок.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn
2. Глупав убиец
rnДетективот разговарал со еден лекар во чекалната, кога еден исплашен човек влегол во болницата и извикал: „Некој ја застрела жена ми!“
Детективот го замолил човекот да му раскаже што се случило. Човекот, господин Кларк, рекол дека бил на работа кога добил повик од неговата слугинка. Таа му кажала дека нешто ужасно ѝ се случило на неговата сопруга и дека таа била со неа на интензивна нега. Господин Кларк веднаш истрчал во болницата.
Кога господин Кларк ја завршил приказната, детективот веднаш го уапсил за обид за убиство. Зошто го направил ова?
[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Господин Кларк не би требало да знае ништо за застрелувањето. Неговата слугинка само му кажала дека нешто лошо ѝ се случило на неговата сопруга.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn
3. Крвна врска
rnЕден милионер бил застрелан во челото во неговиот дом. Детективот разговарал со 3-цата синови на милионерот, Џек, Џон и Џејмс, кои биле дома.rn
- rn011
- Џек рекол дека таа ноќ Џон, нивниот татко и тој биле на некој официјален прием. Стигнале дома и влегле во дневната соба. Прво влегол неговиот татко, а потоа Џон и Џек. Кога татко почнал да се качува по скалите, Џејмс влегол во дневната соба и го застрелал.
- Џон ја потврдил приказната на Џек.
- Џејмс рекол дека таа вечер бил на посета кај некои пријатели. Кога стигнал дома неговиот татко веќе бил мртов.
rn011
rn011
rn
rnНа детективот веднаш му се разјаснил случајот. Кој бил убиецот и како детективот го решил случајот?
[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Џон и Џек лажеле. Ако Џејмс го убил нивниот татко, тој би бил застрелан во тилот бидејќи тргнал да се качува по скалите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn
4. Бегство
rnДетективот требало да пронајде затвореник кој избегал од затвор. Тој знаел дека затвореникот се криел во некоја од овие куќи. Но требало да ја знае точната адреса за да не го исплаши криминалецот. Тој направил фотографија од куќите со помош на дрон. Кога ја погледнал фотографијата веднаш му станало јасно каде се крие. Во која куќа се наоѓал затвореникот и како детективот го знаел тоа?
[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Убиецот се наоѓал во куќата А бидејќи автомобилот бил паркиран во близина на патот за да може полесно да избега.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn
5. Романтично патување
rnГосподинот и госпоѓата Клајд отишле на патување на планина. Но, 2 дена подоцна, господин Клајд се вратил сам дома. Отишол во полициската станица и кажал дека госпоѓа Клајд паднала и загинала. Следниот ден, детективот Стивенс го посетил господин Клајд и го уапсил за убиството на неговата жена. Клајд ја признал својата вина и го прашал детективот како дознал дека тој е убиецот. Стивенс му рекол дека едноставно се јавил во агенцијата и побарал неколку информации за патување. Што му кажале од агенцијата на детективот?
[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Му кажале дека господин Стивенс купил 2 авионски билети за до планините, но само 1 билет за назад.[/toggle_item]rn[/toggle_box]
Ако ова не ви е доволно, погледнете неколку загатки од 18-тиот век кои ќе го збунат и модерниот човек.

