КАФЕ ПАУЗА

5 мудри начини да заштедите пари за време на летувањето

5 мудри начини за заштеда на пари за време на летувањето

Written by

in

,

Започнаа летните одмори и секако, еуфоријата е присутна кај сите кои цела година чекаат да поминат неколку дена на плажа, на планина или каде било според желбата. Плановите често може да бидат нарушени поради финансиската состојба, па затоа е добро парите однапред да се планираат. Обрнете внимание на следниве пет совети за заштеда за време на одморот:rnrn5 мудри начини за заштеда на пари за време на летувањетоrn

1. Букирајте лет навреме

rnЦените на летовите секојдневно варираат, а многу алгоритами работат на тој принцип што колку повеќе пребарувате за одредена локација, системот ви „исфрла“ супер понуда само за вас, навидум примамлива, но во реалноста доста поскапа отколку што чини летот. Исто така, со рано букирање можете да добиете доста попусти или да ги „фатите“ билетите кои се со промотивна цена.rn

2. Бришете ги „колачињата“ од пребарувачот

rnСекогаш кога пребарувате хотел или превоз на Интернет, вашиот пребарувач зачувува дигитална трага благодарение на „колачињата“. Поради тоа, често ќе гледате сугестии за местата кои ве интересираат, но со нешто покачена цена, што дава впечаток дека интересот за тој хотел или лет расте, па ќе го купите по моменталната цена, за да избегнете следно покачување. Ако треба повеќе пати да прегледате, при секое затворање на веб-сајтот бришете ги „колачињата“.rnrn5 мудри начини за заштеда на пари за време на летувањетоrn

3. Ценкајте се

rnСамо 28% од гостите во хотелот ќе се охрабрат да побараат подобра соба на рецепција, а 78% од нив ќе успеат во тоа. Со добар пристап, резултатите се неминовни, а вашиот престој би бил доста попријатен. Проценете ја ситуацијата мудро пред да се впуштите во ваквата авантура.rn

4. Изберете нов хотел или објект што се реновира

rnНовите хотели прават сè за да привлечат туристи, па можно е цените да им се нешто пониски во споредба со други, веќе добро познати. Исто, доколку има градежен зафат врз објектот на хотелот, големи се шансите дека туристите го избегнуваат, а дека цените се снижени поради тоа.rn

5. Носете кеш, но плаќајте и со картичка

rnКога сте во друга држава, конверзијата на вашата валута со тамошната се прави според средниот курс на народната банка во матичната држава. Така, ќе ги избегнете провизиите за вадење кеш од банкомат, но и високиот курс што го нудат некои менувачници.rnrnПогледнете ги и овие 10 летни дестинации покрај европските езера.