Летото е дел од годината кога сите посакуваме да поминеме барем 7 дена покрај вода, а има и зошто е тоа така. Животот покрај езеро или море изгледа доста побезгрижен отколку низ улиците на големите градови. Европа располага со голем број езера покрај кои секој турист може да ужива и да го пронајде својот внатрешен мир. Едно од најпопуларните езера на континентот се наоѓа во нашата држава. Погледнете каде сè може да одморите ова лето и изберете ја дестинацијата која најмногу ви одговара:rn
1. Езерото Комо во Италија
rn
rnrnИталијанските езера се одличен избор за да се запознае Европа. Езерото Комо важи за едно од најфотогеничните, а својата популарност ја задржало уште од дамнешните римски времиња, па сè до денеска.rn
2. Езерото Гарда во Италија
rn
rnrnОва е најголемото глечерско езеро во Италија, а прекрасниот видик го надополнува и планинскиот венец на Доломитите. Освен што е популарно меѓу оние кои сакаат одмор покрај езеро, го обожаваат и велосипедистите кои возат долж брегот.rn
3. Езерото Маџоре во Италија
rn
rnrnОва езеро се протега меѓу Италија и Швајцарија, а било инспирација и за популарниот Ернест Хемингвеј. Според туристите, вистинската магија на езерото може да се почувствува најмногу од швајцарската страна.rn
4. Женевското Езеро во Швајцарија
rn
rnrnШвајцарија е земја богата со повеќе езера, а Женевското го дели и со Франција. Иако природата е прекрасна, локалните жители ретко го користат неговиот потенцијал за одмор и релаксација.rn
5. Езерото Луцерн во Швајцарија
rn
rnrnОва езеро се наоѓа на околу 50 километри јужно од Цирих и може да се стигне и со специјалните железнички линии. Луцерн со целата своја површина припаѓа само на Швајцарија.rn
6. Бледското Езеро во Словенија
rn
rnrnБледското Езеро е еден од најубавите бисери на Словенија. Во центарот на езерото се наоѓа црква, а природата наоколу придонесува глетката да изгледа како да е излезена од разгледница.rn
7. Езерото Саима во Финска
rn
rnrnОва е едно од илјадниците езера на територија на Финска, која уште е позната и како „земјата на илјада езера“. Опкружено е со прекрасна зелена шума, а одличен избор е и за летен и за зимски одмор.rn
8. Скадарското Езеро во Црна Гора и Албанија
rn
rnrnОва езеро се наоѓа на границата помеѓу Црна Гора и Албанија и е дом на многу ендемични видови животни и растенија. Туристите тука можат да уживаат во својот одмор, но и да се посветат на кајакарење.rn
9. Езерото Врана во Хрватска
rn
rnrnИако Хрватска е најпозната по брегот на Јадранското Море, езерото Врана е една исто така позната дестинација која е оддалечена од познатите плажи. Се наоѓа на околу 30 километри југоисточно од Задар, а туристите можат да се сончаат и капат исто како и на морскиот брег.rn
10. Охридско Езеро во Македонија
rn
rnrnНајголемиот дел од Охридското Езеро се наоѓа на територијата на Македонија, каде се сместени и најубавите туристички капацитети на самиот брег. Најпознати градови се Охрид и Струга, кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите од Европа.rnrnДознајте и кое е најчистото езеро во светот.