Кошмарите може да ви помогнат да откриете што ви предизвикува стрес на работа

Сподели

Ноќните кошмари може да бидат измачувачки за личноста и да ја чинат неколку непроспиени ноќи и постојана вознемиреност, но и да доведат до проблеми со спиењето. Оние кои често имаат кошмари некогаш дури и не сакаат да спијат, затоа што никогаш не се одморени, а физичкото и менталното здравје веќе се доведени во прашање. Но, се чини дека ваквите ноќни терори имаат и позитивна страна – тие ви помагаат да ги идентификувате причините за стресот, особено ако доаѓа од работното место.

Реклама

rn

Соочете се со стравот

rnНајпрво, треба да дефинирате што е она што е страшно во кошмарот. Можете тоа да го направите со терапевт или со близок пријател. Препознајте што ја предизвикува анксиозноста и ако е потребно, водете дневник на дневни настани и ноќни кошмари. Исто така, прочитајте кои се најчестите лоши соништа и што тие ви кажуваат:rn

1. Паѓање

rnМногу често се случува да сонуваме како паѓаме, а истото се случува и со луѓето околу нас.

Значење: Ситуацијата на работа може да се влошува во следниот период или пак на некоја врска или пријателство им се ближи крајот.rn

2. Прогонување

rnАко сонувате дека некој ве брка или прогонува, може и по будењето уште да чувствувате страв.

Значење: Избегнувате некоја голема промена во вашиот живот, односно не сакате да си признаете дека работата или некоја врска веќе се премногу лоши за вас.

rn

3. Доцнење за нешто важно

rnМожеби сонувате дека сте задоцниле на важен тест, но откако ќе се разбудите сфаќате дека поминале многу години откако бевте ученик.

Значење: Нешто не ви дава мир. Пронајдете што е тоа.rn

4. Огромен бран

rnАко сонувате дека ве поклопува огромен бран, може да се случи дури и во реалноста да се борите за воздух.

Значење: Исто како и доцнењето, овој сон значи дека имате премногу проблеми кои не ви даваат мир.rn

5. Паѓање на забите

rnИако чуден, сепак многу луѓе во светот го сонувале овој сон.

Значење: Се соочувате со слабост, привремена немоќ или не можност да се соочите со некој проблем во вашата работа.

Дознајте и каков ефект може да имаат кошмарите врз вашиот мозок.

Популарно

Може ќе ве интересира