Без разлика дали дејството се случува во природата или во вртоглавата урбана средина, илустрациите на артистот Паскал Кампион, создаваат причина за радост кон секојдневниот живот. Илустраторот од Сан Франциско успева да ја претвори вечерната дождовна прошетка во спектакуларно искуство кое зрачи со енергија и елан за живеење на животот. Не е важно кој период од годината е, бидејќи секогаш има причина за насмевки.rnrn
rnrnСекој цртеж од растечката колекција на Кампион раскажува една убава приказна. Заедничката тема е почитување на секојдневието, поминато во овој чудесен свет. Во неговата работа се проткајува и детската радост и љубопитност, која потсетува зошто треба да го сакаме нашиот живот. Едноставните нешта како талкањето низ шумата со вашето куче, набљудувањето на рибите во езерото од мостот или фантазирањето додека гледаме во облаците, му даваат смисла и богатство на нашиот живот.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
