10 мантри против драма, стрес и грижи

10 мантри против драма, стрес и грижи

Што е она што ги предизвикува стресот и драмата во нашиот живот? Најчесто, тоа се нешта кои се спротивни на она што ние го очекуваме, што може да нè изнервира или обесхрабри. Но, од ваквите животни ситуации можеме да извлечеме и важни поуки и да научиме дека она што го мислат другите, како и нивното однесување, не е во наша контрола.

10 мантри против драма, стрес и грижи

Проблемот може да се појави ако се водиме по идеали кои не се во допир со реалноста, но и ако имаме потсвесни очекувања и од себе и од другите. Ако давате отпор да ги прифатите нештата какви што се, тогаш си создавате стрес и драма, но и психички тегоби и фрустрација. Концентрирајте се на она што го чувствувате и не обидувајте се ништо да потиснете во себе. Дајте си доволно време да сфатите што го предизвикува стресот кај вас, за да можете да се изборите против тоа.

Прифатете го моментот таков каков што е, без да се обидете целосно да го промените. Дајте си време да се смирите, да го пронајдете мирниот дел од себе, благодарение на кој ќе се потсетите дека треба да избегнувате стресови и драми. Исто така, следете ги и овие 10 мантри, за полесно да излезете од мрежата на стресот, драмите, грижите и лошата енергија:

10 мантри против драма, стрес и грижи

1. Непотребната драма не се појавува од никаде – или ја создаваш, или ја повикуваш, или се поврзуваш со оние кои ја носат.

2. Потруди се да не им судиш на другите – не знаеш ништо за нивната болка. Ако немаш да кажеш ништо убаво, подобро молчи.

3. Голем број луѓе се несреќни само затоа што не можат да го прифатат животот таков каков што е.

4. Ако не можеш да ја промениш ситуацијата, промени се себе.

5. Не се грижи дали ќе има проблеми. Секогаш ќе ги има, а ти треба да најдеш решение за нив.

6. Грижите се сосема погрешно користење на креативната енергија. Наместо да мислиш на лошите исходи, мисли на најдоброто што може да излезе од некоја ситуација.

7. Кога ќе ги посветиш срцето и умот на одредени нешта, во процесот на нивно исполнување низ твоето тело тече позитивна енергија.

8. Во ред е да се греши, така стануваме мудри. Не се откажувајте и не се препуштајте на негативностите. За сите добри нешта треба време за да се стигне до нив.

9. Ослободувањето од драмата не е заборавање на минатото, баш напротив, тоа е мудрост и сила за да се прифати сегашноста.

10. Работи во тишина, направи го она што треба да го направиш игнорирајќи ги драмата и негативноста околу себе.

Дознајте уште и што значи бојата на вашата аура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар