Како да создавате пријателства ако сте возрасен кој се преселил во ново место?

Како да создавате пријателства ако сте возрасен кој се преселил во ново место?

Кога се селиме во друг град или пак, во друга држава, често постои стравот дека таму ќе бидеме осамени и нема да имаме со кого да се дружиме и комуницираме. Ако тоа се случува поради студии, тогаш самиот образовен процес отвора нови шанси за комуникација и зближување со другите, но кога сме возрасни, тоа може да биде доста потешко.

Како да создавате пријателства ако сте возрасен кој се преселил во ново место?

Доколку новата локација е географски блиска до родната, секојдневното патување или враќањето за викенд е можно, но доколку се работи за подалечна дестинација, изолацијата и осаменоста може често да бидат дел од вашиот ден. На ова дополнитела тежина додава и фактот што, кога сме возрасни, веќе имаме воспоставено врски со одредени луѓе, па прифаќањето нови луѓе во животот може да биде комплициран процес, но не и невозможен. Обидете се да ги следите следниве совети доколку сте во ваква ситуација:

1. Не заборавајте на старите другари

Пред да се впуштите во создавање нови пријателства, не заборавајте ниту на оние кои останаа во местото каде претходно живеевте. Слушајте се преку Скајп или Вибер, пишувајте си на Фејсбук, раскажете им го вашиот ден и не заборавајте да ги потсетите дека ви недостигаат. Никогаш не смеете да заборавите на оние кои биле со вас пред да свртите нова страница.

2. Излезете од комфорот на домот

Вклучете се во активности во вашата населба или во општината, станете дел од некоја група, запишете се на часови за танцување и учествувајте во работилници. На овој начин ги зголемувате шансите да воспоставите нови пријателства, што нема да се случи ако останете дома.

Како да создавате пријателства ако сте возрасен кој се преселил во ново место?

3. Користете ги социјалните мрежи

Можете да го користите Фејсбук за да се зачленувате во групи, особено такви од локален карактер, каде ќе најдете истомисленици и потенцијални нови пријатели за вас. Можеби нема да прерасне овој контакт во вистинско пријателство, но никогаш не се знае за што може да ви бидат корисни овие луѓе.

4. Имајте стратегија

Имајте на ум дека повеќето од луѓето кои ги среќавате веќе имаат пријатели (како што имате и вие дома), па затоа треба да внимавате да не бидете нападни во обидите за контакт. На почетокот, избегнувајте да ги каните дома, затоа што не знаете со каков тип на луѓе имате работа. Започнете со најобични средби во кафулиња или ресторани, пред да заклучите дали има основа за пријателство.

5. Не се плашете да побарате помош

Процесот на адаптација во новото место може да биде доста тежок ако сте сами, без никој кого познавате. Осаменоста може да ви создаде анксиозност и депресивност, но вие никогаш не смеете нештата да останат такви. Побарајте помош од стручно лице или од група за поддршка. Можеби ќе најдете некој во слична ситуација како вашата и полесно ќе склопите пријателство.

Како да создавате пријателства ако сте возрасен кој се преселил во ново место?

6. Почитувајте го правилото на три средби

Создавањето врска со некого е долг процес и поради тоа треба да бидете сигурни дека се работи за нешто вистинско и издржано. Почитувајте го правилото на три последователни средби, после кои точно ќе знаете дали вреди да вложувате во некој однос. Тоа е доволно време за и вие и другата личност да заклучите дали сакате да воспоставите пријателство или друг вид однос меѓу вас, без да се плашите од отфрлање по некое време.

7. Бидете активни во новата околина

Бидете добар сосед, учествувајте во хуманитарни акции, дознавајте за акциите за општествена работа и земете учество и таму. Ова можете да го правите уште од првиот ден во новото место. Одете во кафулиња и ресторани, шетајте во парковите и пазарувајте во локалните продавници. На овој начин вие успевате да бидете видливи за луѓето, кои во вас не само што ќе препознаат нов член на заедницата, туку и потенцијален пријател.

Прочитајте и што ќе се смени во вашиот живот кога ќе се преселите во странство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар