Оксидативниот стрес во вашиот организам е предизвикан од влијанието на слободните радикали, кои исто така предизвикуваат и стареење. Колку е поголем овој стрес, толку поголем ризик имате за заболувања и нарушувања како што се деменцијата или хроничните болести. Затоа, пред да направиме што било, треба да започнеме со промени во исхраната.rnrn
rnrnЗдравите и свежи состојки се нашиот најдобар сојузник против стареењето. Исхраната треба да биде богата со антиоксиданси, витамини, минерали и антивоспалителни супстанци. Тие помагаат нашиот организам да се подмлади и регенерира однатре, а со тоа се подобрува и работата на мозокот, срцето, зглобовите и мускулите. Сите влијанија на здравата исхрана се случуваат „под кожа“, па затоа и можат да се видат токму на неа. Вашиот тен ќе добие здрав сјај и ќе се намалат брчките и дисколорациите.rnrnЗатоа, во вашата секојдневна исхрана вклучете ги овие намирници:rn
1. Јатки
rn
rnrnТие се богати со здрави масти кои го чуваат срцето и заштитуваат од карциноми и дијабетес. Постојат и научни факти дека јатките помагаат во зачувување на виталноста на нервните клетки и мозокот. Секој ден изедете количина јатки колку што собира вашата дланка. Можете да изберете ореви, бадеми, лешници, бразилски ореви, индиски ореви или макадамија или пак нивна комбинација.rn
2. Смокви
rn
rnrnОва овошје најдобро успева во делови каде влијание има медитеранската клима. Смоквите се богати со флавониди и полифеноли кои освен што го штитат здравјето, ја чуваат и нашата убавина. Долго време смоквата се смета за овошје на младоста и виталноста. Диеталните влакна помагаат за подобро варење и побрзо исфрлање на отпадните материи од телото. Благодарение на антиоксидансите, ги чува клетките млади и витални. Можете да ги јадете и свежи и сушени.rn
3. Боровинки
rn
rnrnЗа боровинките често се вели дека се хранлива бомба од витамини и минерали собрана во зрна. Тие помагаат да се обноват клетките, но и да бидат поиздржливи при изложување на сонце. Состојката антоцијанин, која всушност ја дава нивната боја, ефикасно се бори против оксидативниот стрес во организмот. Тие го стимулираат и лачењето на допамин, за подобро расположение и памтење. Препорачана доза е околу половина шолја за кафе. Набавете поголема количина и чувајте ги замрзнати, за да ги имате преку целата година.rn
4. Калинки
rn
rnrnОва овошје изобилува со витамин Ц и ја штити кожата од влијанието на сонцето. Сокот од калинка е одличен во надоместување на дел од штетата која ја направиле слободните радикали. Содржи и пуникалагин, соединение кое има големо антиоксидативно дејство, но и помага да се зачува колагенот во организмот, а со тоа ја заштитува и младоста.rnrnУште пет намирници на следната страница…rn