„Антиејџ“ исхрана: 9 намирници кои го подмладуваат организмот - Part 2

„Антиејџ“ исхрана: 9 намирници кои го подмладуваат организмот

5. Спанаќ

„Антиејџ“ исхрана: 9 намирници кои го подмладуваат организмот

Спанаќот е одличен извор на бета-каротен и лутеин, кои ја подобруваат еластичноста на кожата. Заедно со другите претставници на листестите зеленчуци, како кељот и блитвата, спанаќот ја чува кожата од оштетувања предизвикани од сончевите зраци. Комбинирајте го свеж во салати или подгответе го како ручек или прилог на ручекот.

6. Авокадо

„Антиејџ“ исхрана: 9 намирници кои го подмладуваат организмот

Ова овошје содржи маси киселини и витамини Б и Е, чија комбинација ја храни и негува кожата. Исто така, калиумот помага да се одржува здрава хидратација на телото. Авокадото има алкални својства, што значи дека воспоставува рамнотежа на pH-вредноста на организмот, а освен тоа, помага и за да се подобри имунитетот.

7. Брокула

„Антиејџ“ исхрана: 9 намирници кои го подмладуваат организмот

Брокулата спаѓа во групата на најздрави зеленчуци во светот. Богата е со витамин Ц, кој ја прави кожата цврста и затегната. Содржи и здрави протеини, калциум, витамини А и К и соединенија кои штитат од срцеви заболувања и помагаат телото да се ослободи од отровите. Со редовно вклучување на брокулата во вашето мени, ќе го забавите процесот на стареење на органите и ткивата, предизвикан од слободните радикали, но и ќе помогнете кожата да се хидратира однатре.

8. Маслиново масло

„Антиејџ“ исхрана: 9 намирници кои го подмладуваат организмот

И старите Грци и Римјани биле свесни за неговата корисност, па го користеле редовно во исхраната, но и како еликсир против стареењето. Незаситените масти го штитат организмот од најразлични заболувања, а на здравиот човек му е најлесно и да остане млад. Додавајте го во салати или врз чорби, но не гответе со него.

9. Куркума

„Антиејџ“ исхрана: 9 намирници кои го подмладуваат организмот

Куркумата е присутна и во ајурведската и народната кинеска медицина како извонреден чувар на младоста. Има антивоспалителни, антимикробни, антиоксидативни и антиканцерогени својства и пружа целосна заштита на имунитетот. Куркуминот што го содржи помага да се создава колаген во организмот, го намалува штетното влијание на УВ-зраците врз кожата, го чува кардиоваскуларниот систем, но и мозочните функции. Доколку редовно се користи, може да спречи остеопороза, бидејќи ја штити густината и еластичноста на коските.

Прочитајте и кои производи не би требало да ги комбинирате во исхраната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар