Линдзи и Метју Брентлингер од Толедо, Охајо, со години се обидувале да имаат деца, па нивната желба конечно се остварила на 17-ти декември 2016-та година, кога Линдзи родила близнаци кои ги нарекле Вилијам и Реjган.rnrn
rnrnНо, за жал, Вилијам бил роден со разни аномалии и само десната страна од неговото срце била функционална.rnrn
rnrnВо 23-та недела од бременоста, на родителите им било кажано дека синот ќе биде мртвороден, но тој го преживеал раѓањето и останал со неговото ново семејство 11 дена пред да почине.rnrn
rn
„Тoa беа најсреќните 11 денови во мојот живот“, рекол Метју.
rn
rnrnЗа да се овековечи тој заеднички момент, еден пријател на семејството стапил во контакт со Линдзи Браун, професионален фотограф, која се согласила да направи емоционална фотосесија на Вилијам и неговата сестра близначка токму пред Божиќ.rnrn
rn
„Фотографиите се спомени“, рекла Браун. „Знам колку луѓето ги негуваат, па ми беше мило што бев во можност да го направам тоа за нив.“
rn
rnrnКако што можете да видите, иако Вилијам не е повеќе помеѓу живите, тој засекогаш ќе живее на овие фотографии со неговите родители и неговата сестра близначка.rnrn
rn
„Плачев кога прв пат погледнав во нив. Понекогаш и сѐ уште плачам“, вели Линдзи. „Тие се убави и тој е убав. На некои од нив можете да видите дека тој е буден со неговите големи убави очи. Тоа е нешто на што ние дефинитивно уште долго ќе се сеќаваме.“
rn
rnrn
rnrn